Вкусот е неодолив!

Потребни состојки:

500 г мелено месо
2 компири со средна величина
2 моркови
1 главица кромид
1 јајце
малку сол и брашно

Постапка:

Во меленото месо изрендајте варен компир и морков, додадете јајце и посолете, додадете ситно сечкан кромид и сето добро соединете го.

Правете шницли со величина по ваша желба, валкајте ги во брашно, малку потапкајте ги и пржете ги во врело масло. Оние што не сакаат да ги пржат во масло, можат да ги испечат во рерна, на намастена хартија.

Кога ќе се направи коричка, намалете ја температурата, свртете ги шницлите и пржете 10-тина минути на најниска температура.