Претседателски колач: ова бил омилениот колач на Тито и затоа ќе го најдете и како Титов колач

Титов колач!

Потребни состојки:

4 жолчки
200 г шеќер
5 лажици ладно кафе
100 г мелени ореви
5 лажици брашно
3 лажици масло
1 прашок за печиво
шлаг од 5 белки

за фил 1:

400 мл млеко
5 лажици брашно
2 жолчки

за фил 2:

230 г путер
10 лажици шеќер
100 г растопено чоколадо за готвење
1 ванилин шеќер (или екстракт)

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете 100 г шеќер и измиксајте со миксер во цврст снег.

Во жолчките додадете исто така 100 г шеќер и миксајте. Потоа додадете 5 лажици ладно кафе, 100 г ореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печиво и смесата од белки.

Мешајте полека со лажица за да остане смесата воздушеста. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути (плех со димензии 32х23х5)

Фил 1: Во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки и гответе со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади.

Фил2: во 230 г путер на собна температура додадете 10 лажици шеќер, 100 г топено чоколадо и 1 ванилин шеќер. Пенасто изматете и спојте го со првиот фил.

Врз изладениот колач нанесете го филот и одозгора премачкајте со шлаг пена.

*на крај во останува една белка, таа можете да ја искористите за појадок или нешто друго.

Претходна статијаЧоколадна глазура – ОГЛЕДАЛО: совршено ги покрива сите недостатоци
Следна статијаБез растечен нос, насолзени очи и кивање: билка против пролетна алергија