Престанете да користите детергент – убијте ги бактериите од даската за сечење со овие 2 состојки

Постојат неколку варијанти за сечење на намирниците во кујната, како, пластична даска, керамичка, мермерна плоча, но сепак, од генерација на генерација, како најдобра варијанта се покажа дрвената даска!

Дрвената плоча е стабилна, не се лизга, го задржува и амортизира ударот на ножот, а и неговата острина. Дрвените даски се и одлична варијанта за сервирање на ордевери, топли и ладни предјадења…

Покрај сите предности, дрвените плочи кои се користат во домаќинството, имаат и една мана, а тоа е нивното одржување, т.е. чистење. Имено, многу често, доколку не бидат добро измиени, на нив знае да се задржи мирисот од она што било последно сечено или сервирано.

Сигурно се прашувате, како во рестораните ги одржуваат даските чисти и уредни, бидејќи, рие се подложни и на строгите ХАСАП стандарди, кои мораат да ги почитуваат.

Loading...

Има едно многу едноставно и ефикасно решение, кое се состои од само 2 состојки, а толку ефикасно чисти и го отстранува мирисот!

Потребни состојки и постапка:

1 лимон

Крупна морска сол

Покрај овие две состојки, потребни ви се и:

Чиста крпа (исто така, можете да користите сунѓер)

Топла вода

Можете исто така да додадете и масло, како и восок. Овие две состојки не се неопходни, но можат да го направат процесот на длабинско чистење подобар.

Постапка:

1. Измијте ја даската со млака вода. Потоа, избришете ја со чиста крпа или сунѓер.

2. Лимонот се сече на половина. Можете да користите и стар лимони или лушпи, кои ги имате во вашата кујна, особено ако често користите лимони во вашата исхрана.

3. Ставете ја морската сол на површината на даската за сечење.

4. Со лимонот почнете силно да триете по површината од даската на која претходно ја ставивте солта. Потоа, со сува и чиста крпа, пребришете ја даската.

Лимоните имаат способност да ја елиминираат миризбата, а во комбинација со солта ги отстрануваат дамките и нечистотијата.

Loading...