Многу е едноставен а вкусен колачот со малини. Пробајте го!

Потребни состојки за бисквит:

170 г брашно +-

140 г шеќер

¼ лажичка сол

1 жолчка

1 лажичка прашок за печиво

75 г путер

Фил:

400 г малини

400 г кисела павлака

1 ½ лажица брашно

3 јајца

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

Постапка:

Направете го тестото: Во подлабок сад ставете го брашното, шеќерот, солта и прашокот за печиво, промешајте се’ да се поврза. Растопете го путерот па додадете го во сувите состојки заедно со жолчката. Направете тесто, а по потреба додадете уште малку брашно.

Тестото ставете го во кеса за замрзнување или завиткајте го во проѕирна фолија. Оставете го половина час во фрижидер да се одмори.

Калап со величина 20х30 или тркалезен, намастете го и поросете го со брашно. Добро натапкајте го тестото да биде рамномерно, а на ѕидовите малку подигнете го краевите. Ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени околу 7-8 минути.

За тоа време направете го филот:

Измешајте: кисела павлака, брашно, јајце, шеќер, ванила, ванилин шеќер (можете да измешате и со лажица).

Извадете го од рерна лесно печеното тесто, во еден ред наредете малини (ако се смрзнати не треба да ги одмрзнувате). Преку малините прелијте ја смесата со киселата павлака. Вратете во рерна да се пече уште 20 минути. Оставете убаво да излади па послужете.