Потребни состојки за кора:

7 жолчки

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

80 мл вода

80 мл млеко

10 полни лажици брашно

1 прашок за печиво

Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, додадете вода, млеко, промешајте, па додадете брашно и прашок за печиво. Смесата печете ја на 180 степени околу 15 минути во плех со димензии 36 х 25 см.

Потребни состојки за фил:

4 пудинзи од ванила

2 ванилин шеќер

10 лажици шеќер

1 литар млеко

7 белки

5 лажици шеќер

Од млекото се одзема околу една чаша за да се изматат пудинзите со шеќерот. Млекото се става на оган, па се готви пудингот од ванила додека да се згусне. Се остава да излади. Од белките и 5 лажици шеќер се мати цврст снег од белки. Потоа се соединуваат.

Кората се филува а одозгора се украсува со шлаг.

Видео: