Што ја предизвикува преголемата потреба за слатка храна и како може истата да се надмине? Имавте обилен оброк пред само два часа, а сега, сè за што размислувате во моментов е кремастото чоколадо скриено во горниот кујнски плакар?
Пет минути успевате успешно да му одолеете на искушението, но не можете да престанете да мислите на тоа како би било вкусно да изедете бареме едно мало парченце од тоа чоколадо. Вашиот свет се успорува, а сè посилна станува мислата дека чоколадото ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
Се самооправдувате дека поради недостиг на енергија, немате друг избор и попуштате пред искушението. Се обидувате што повеќе да се храните здраво, но сепак, немоќни сте пред желбата за некоја вкусна храна. Цел ден би јаделе чоколадо, сладолед, крем…
Меѓутоа, зависноста од шеќер може да доведе до појава на сериозни заболувања, а може да биде упатува и не некој недијагностициран проблем за кој не сте ни свесни, како што се на пример, проблемите со надбубрежната жлезда, штитната жлезда или пак со раздраз-нет желудник.
ШТО СЕ СЛУЧУВА АКО ЦЕЛ ДЕН ГРИЦКАТЕ НЕШТО БЛАГО?
Кога јадете храна богата со шеќер, нивото на глукоза во крвта по одредено пократко време значително се покачува. Клетките на панкреасот имаат механизам според кој можат да го „почувствуваат” овој раст, по што излачуваат инсулин во кр-вотокот.
Инсулинот им сигнализира на клетките дека треба да го примаат шеќерот од кр-вта. Овој процес резлутира со намалени глукозни нивоа. Меѓутоа, доколку постојано јадете нешто благо, постојано високите нивоа на шеќер во кр-вта може да станат особено штетни од повеќе аспекти, а екстремно високите можат да предизвикаат сериозни штети, па дури да бидат и живото-загро-зувачки.
Кога клетките ќе престанат соодветно да одговараат на „стимулациите” од инсулинот, станува збор за инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин во намерата да го намали шеќерот во кр-вта и доаѓа до хиперинсулинемија.
Всушност, главната причина за појава на хиперинсулинемијата е токму инсулинската резистентност. Доста поретко како причинители се јавуваат одредени туморни промени на панкреасот. Важно е да се каже и дека хиперинсулинемијата е различна состојба од хипергликемијата – покачени глукозни нивоа во кр-вта.
Хиперинсулинемија, дијабет и инсулинска резистентност
Хиперинсулинемијата сама по себе не значи и дијабет. Како и да е, инсулинската резистентност е силен ризик фактор за двете состојби и најчесто е нешто што ги поврзува. За жал, поради симптомите што најчесто се навистина благи или речиси непостоечки, луѓето често живеат со години со инсулинска резистентност и хиперинсулинемија.
Симптомите би можеле да се препознаат вкучуваат: силна потреба за благо, брзо покачување на килограмите, зачестено чувство на глад и жед, силно изразено чувство на глад, проблеми со концентрацијата, недостаток на фокус; панич-ни на-пади, ек-стремно чувство на замор, ниско ниво на глукоза во кр-вта
Хиперинсулинемијата се смета за ран индикатор или показател на поголеми метаболитички дисфункции. Ако ваквата состојба трае подолг период без никакво третирање, можни се повеќе комплика-ции, како: дијабет тип 2, срцеви заболувања, Алцхајмер, одредени типови кацнер итн.
За нормални нивоа на инсулин се сметаат оние под 25 mIU/L при гладување. Ако имате постојано повисоки нивоа, дури и при гладување, веројатно се работи за хиперинсулинемија. За да се надмине оваа состојба потребно е да се промени стилот на живеење и начинот на исхрана.
КАКО ДА СЕ НАМАЛИ ПОТРЕБАТА ЗА СЛАТКА ХРАНА?
Намалете го внесот на шеќер на минимум и обратете внимание на изборот на оброците. Тие треба да бидат добро избалансирани, да содржат белковини и здрави масти. Особено е важен избалансираниот појадок и внесот на течности.
Намирниците како што се слаткиот компир, тиквичките, морковите и природно засладената храна како што е кокосот, бобинките или грозјето, како и намирници со висок процент на диетални влакна, исто така може да помогнат во сузбивањето на потребата од благо.
Потребата за слатка храна би можела да трае и доколку сте постојано уморни, па затоа запамтете дека секогаш ви е потребен квалитетен сон. Исто така, можете да се обидете со практикување на активности за релаксација како што се медитацијата, молитвата и јогата на пример.