Рецепт на Виолета од Летина Кујна. Брза и лесна торта која може секој да ја направи. Се подготвува за неполн половина час, а е превкусна и многу освежува бидејќи се украсува со сезонско овошје.

Јас понекогаш ја нарекувам сезонска торта бидејќи ја подготвувам само ова време од годината, а најубаво одговара со јагоди и боровинки, но сепак може да ја подготвувате кога сакате и да ја декорирате со овошје по желба.

Кај мене децата многу ја обожаваат, но морам да кажам дека првото место и припаѓа на мојата најдобра пријателка на која оваа торта и е омилена. Навистина е многу вкусна, не е многу блага и можат да ја подготват дури и почетниците во кујната.

Потребни состојки за бисквитот: 4 јајца, 120 г кристал шеќер, 2 лажици какао во прав, 170 г брашно, 1 ќесичка прашок за печиво, 80 г растопен путер, 100 г топено чоколадо за готвење.

Потребно е да ја дуплирате дозата на кората за бисквитот бидејќи треба да се подготват две идентични кори. Потребни состојки за фил: 400 г рикота сирење, 80 г шеќер во прав, 250 мл слатка павлака.

Подготовка: Во подлабок сад се ставаат 4 белки и се матат со миксер. Откога ќе се формира пенаста смеса, додајте го кристал шеќерот и продолжете со матење. Потоа додајте ги 4-те жолчки и продолжете со матење.

Во подлабок сад додајте 4 белки и изматете ги со миксер
Додајте го кристал шеќерот и продолжете со матење
Додајте ги 4 жолчки и уште еднаш изматете ја смесата

Потребно е да добиете кремаста структура, бела со жолтеникава нијанса. Во меѓувреме ставете го путерот во тавче да се растопи, а во садот додајте го брашното постепено, прашокот за печиво и какаото и повторно изматете со миксер.

Ставете го путерот во тавче да се растопи
Во садот постепено додавајте го прашното и продолжете со матење, а потоа додајте го прашокот за печиво и какаото

Кога путерот ќе почне да се растопува, чоколадото за готвење скршете го на помали коцки и додајте го во тавчето. Ринглата треба да биде вклучена на ниска температура.

Кога путерот ќе почне да се растопува, скршете го чоколадото на коцки и ставете го во тавчето да се растопи заедно со путерот со повремено мешање

Со повремено мешање, за да не се залепи чоколадото за тавчето (доколку е лепливо) мешајте со дрвена лажица. Кога ќе добиете растопен чоколаден прелив, прелијте го врз претходно подготвената кремаста смеса во садот.

Чоколадниот прелив прелијте во претходно подготвената кремаста смеса
Чоколадниот прелив прелијте го во претходно подготвената кремаста смеса
Чоколадниот прелив прелијте го во претходно подготвената кремаста смеса
Чоколадниот прелив прелијте во претходно подготвената кремаста смеса

Изматете уште еднаш со миксер додека да се соедини чоколадниот прелив со кремастата смеса. Во плех со флексибилен обрач со пречник 24 цм, ставете хартија за печење на дното и намастете ја малку со масло и наросете брашно по страните.

Изматете ја смесата додека да се соединат состојките
Плех со флексибилен обрач ставете хартија за печење на дното
Намастете ја хартијата за печење и малку набрашнете го калапот на дното и по страните

Потоа смесата прелијте ја во калапот и печете 12- 15 минути. Првите 5 – 6 минути печев во претходно загреана рерна на 180 степени, а потоа намалив на 160 степени каде се печење уште 10 минути.

Прелијте ја кремастата смеса во калапот
Печете 15 минути. Првите 5 минути на 180 степени, а наредните 10 минути на 160 степени

Значи вкупно околу 15 минути во зависност од рерната. Повторете ја постапката на подготвување и на другата кора и печете ја на ист начин како и првата. По печењето пресечете ги корите надолжно за да добиете 4 идентични кори.

Дуплирајте ја дозата на бисквитот

Врз секој бисквит натопете 2 лажички ладно млеко за бисквитот да биде сочен. Потоа започнете со подготовката на филот. Во сад додајте 400 г рикота сирење, а потоа во него додајте го шеќерот во прав и слатката павлака.

Пресечете го секој бисквит на половина
Потребно е да добиете 4 кори
Секоја кора премачкајте ја со 2 лажици ладно млеко
Секоја кора премачкајте ја со 2 лажици ладно млеко

Убаво изматете ја смесата со миксер за да се соединат сите состојки. Секој биксвит премачкајте го со филот кој штотуку го подготвивте. Кога ќе го премачкате првиот фил, врз него додајте ја втората кора и малку потиснете ја со дланките.

Во сад изматете го рикота сирењето, шеќерот во прав и слатката павлака
Подготовка на филот

Премачкајте ја и втората кора со филот. Повторете ја постапката и со третата и четвртата кора кои е потребно да ги додавате одозгора на првата и втората кора. И последната кора премачкајте ја со филот.

Секоја од корите премачкајте ја со филот
Премачкување на првата кора

Оваа торта и е омилена на мојата најдобра пријателка и на децата бидејќи е доволно сочна, а јас секогаш ја украсувам со многу овошје. Најубава е во комбинација со јагоди, а сега може лесно да ги најдете бидејќи е сезона на ова вкусно освежувачко овошје.

Премачкување на првата кора
Малку притиснете ја со дланките
Врз неа додајте ја втората кора
Премачкајте ја втората кора и повторете ја постапката и со останатите 2 кори

Јагодите ги ставам по страна на тортата во чинијата и врз последната кора во филот. Некогаш ги ставам цели, а понекогаш ги сечам на половина. На средината од тортата додавов и боровинки.

Премачкување на последната кора
Премачкување на последната кора
Декорирајте со сезонско овошје

Не е многу блага, a е толку многу вкусна и сочна. Се чува во фрижидер, а се јаде за 1 ден. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска