Убаво и вкусно јадење, на лажица – грашок со колбаси или без, или нешто по ваш вкус.

Потребни состојки: 450 г грашок (една кеса), 200 г колбаси од месара, полубарени или слични, 1 главица кромид, 2 моркови, 1 помал компир, 1 лажичка црвен мелен пипер, 1 лажица сув зачин (вегета), 100 мл масло, малку сол, црн пипер, магдонос, мирудија

Постапка: Исечкајте го кромидот, па на умерен оган малку пропржете го додека да застакли. Потоа додадете сув зачин и долејте малку вода, па продолжете со динстање на кромидот, уште малку да омекне.

После околу 10-тина минути додадете го грашокот и исечканиот морков. Долејте вода колку да се покрие и варете на умерена температура околу половина час.

Додадете компир исечкан на коцкички и колбас исечен на тркалца. Додадете црвен мелен пипер, малку сол и црн пипер во прав.

Повторно долејте малку вода и продолжете го готвењето додека грашокот и компирот да бидат сварени.

Густината регулирајте ја со количината на вода, во зависност од тоа како вие повеќе сакате. На крај додадете малку магдонос и малку мирудија, па послужете го јадењето топло.