Пред две години Вики доби канцер на бели дробови, но не се откажува, таа е борец!

Кога зборуваме за луѓето кои страдаат од канцер, обично секој од нас има своја претстава за тоа како болеста треба да се одрази на физичкиот изглед.

Со таков проблем се соочи и Вики Венес (31), од Челтенхем. Вики е личен тренер и олицетворение на здрав дух и здраво тело. Таа е фитнес фанатик, кој во животот не запалил цигара, и се храни исклучително здраво.

Сепак, Вики боледува од четвртиот стадиум на рак на бели дробови.

Вики имала здравствени потешкотии, одела на лекар и се жалела, но тие ја убедувале дека има опструктивна астма и тоа само затоа што изгледа толку здраво.

Болеста настапила ненадејно и неочекувано, кога била во полн животен полет.

Ова е фотографија два дена пред дијагнозата:

Вики, два дена пред дијагнозата

Вики е борец и веќе речиси две години се бори со оваа подмолна болест.

За среќа, побарала второ и трето мислење, па навремено ја открила вистинската дијагноза.

Таа својата приказна јавно ја објави веднаш по соочувањето со вистината:

– со месеци ме убедуваа дека имам астма, а сега ја дознав вистинската УЖАСНА ДИЈАГНОЗА!

– Оваа слика настана само неколку часови откако ми е диагностициран рак на белите дробови и тоа во четврта фаза! Имам 30 години, фитнес тренер сум, џогирам, не пушам и здраво се хранам.

Кога имате рак, не мора да изгледате болно. Симптомите можат да бидат многу суптилни и да се појавуваат само повремено. За жал, многу лекари мојот рак го мешаа со астма.

Суштината на мојата приказна е, ако се чувствувате лошо, да отидете кај сите лекари во околината. Не се потпирајте само на еден. Не плашете се да бидете напорни, смешни и луцидни.

Преиспитајте ги сите што кажуваат и не откажувајте се додека не добиете вистински одговор.

Ова е емоционално и физички најтешката недела во мојот живот, а сега е време за борба – вели Вики пред 2 години.

Денес таа прима редовна терапија за што е многу благодарна. Врши редовни прегледи на крвта и е секојдневно поддржана од своите пријатели.

“Јас сум голем фан на Alectinib! Тоа е името на мојот третман за рак и немам идеја од каде му е ова чудно име. Таблетите ги примам орално.

Кога пред речиси две години ја добив дијагнозата, немав пристап до овој лек. Беше достапен во Америка, но се чекаше одобрување тука, во Велика Британија.

Ова е чест проблем, кога станува збор за добивање на најсовремен третман. Благодарна сум на мојот одличен онколог кој ми обезбеди ран пристап до лечењето и да започнам со овој брилијантен лек.

Пред дијагнозата ми беа отстранети лимфни јазли од вратот и ми кажаа дека имам рак, но кој тип сè уште е мистерија.

Кратко по ова, дознав од КТ-скенот дека имам рак на бели дробови, кој се ширеше на ‘рбетот, ребрата, карлицата и бедрата. Кога ракот се шири, тоа обично значи дека е неизлечив, што беше случај со мене.

Добрата вест очигледно е тоа што речиси две години сè уште сум тука и добро!

Имам добри и лоши денови и последниве неколку дена се чувствував крајно исцрпена, што без сомнение е дел од лекувањето.

Една прекрасна девојка која се вика Кори и која го има истиот рак, ми рече пред некој ден дека во основа учиме како да се справиме со новото тело. Мислам дека ова е навистина добар опис за тоа како понекогаш се чувствувам.

Кога се чувствувам лошо, ми помага кога ќе погледнам назад и ќе видам колку навистина сум постигнала. Од дијагноза со страшна прогноза, низа кризи, ужасни терапии.

Има денови кога Alectinib ми го загорчуваат животот, но исто така, овие таблети и ми го продолжуваат животот.

Сигурна сум дека мојот живот ќе има уште падови и успони, но во меѓувреме сето тоа е вредно за продолжување на мојот живот 🙌🏼.

Loading...