Освежителен летен пијалак! Прво прочитајте го рецептот што се приготвува во домашни услови, за помала количина, а потоа и оригиналниот рецепт, кој честопати се промашува за првпат, зошто бара многу големи садови за негова подготовка.

Потребни состојки:

1 чаша (од 200 мл) брашно (пченкарно, но може и пченично, со интегрално е најубаво)
2 чаши шеќер
3 литри вода
1/2 чаша боза за маја или 20 г свеж квасец
*состојките можете за половина да ги намалите

Постапка:

Брашното малку пропржете го на суво за да добие арома, но не смее да ви загори. Кога ќе добие златна боја му се додава водата и се вари на умерен оган со постојано мешање.

Потоа се додава шеќерот и по вкус додадете уште малку.
Откако ќе проврие мешајте 5-6 минути, па тргнете на страна убаво да излади.

Кога ќе биде целосно изладена, се додава мајата или активираниот квасец (во малку вода и лажиче шеќер, да запени).

Вака се остава на собна температура да ферментира од 24-48 часа.

ОВА Е ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ

Во голем лонец ставете 1 кг пченкарно брашно со 10 литри млака вода.
Оставете го лонецот да преноќи.

Следниот ден ставете го на тивок оган да се готви околу 2 часа. За време на готвењето потребно е почесто да се меша смесата со дрвена лажица.
*шеќер се става по вкус.

Настрана во еден филџан издробете 50 грама квасец во млака вода и оставете го да се актира.

Кога квасецот ќе запени и го удвои својот волумен, додадете го и него во лонецот па убаво промешајте.

Ако оваа количина ви е голема, тогаш состојките сразмерно намалете ги зошто бозата треба да се испие во следните неколку дена.