Пред 30 години имала тироидни проблеми, холестерол и хормонален дисбаланс, а спасот бил ОМНИ

ОМНИ диетата поттикнува слабеење, детоксикација и ги смирува воспаленијата во телото. Секојдневно станува сè попопуларна во светот на здравата исхрана бидејќи го штити телото од разни заболувања.

Оваа диета ја актуелизираше медицинската сестра Тана Амен која се изборила со сериозни здравствени проблеми и карцином на штитната жлезда.

Пред 30 години Тана Амен (на фотографијата) се соочила со бројни здравствени потешкотии како хормонален дисбаланс, инсулинска резистенција, висок холестерол и проблеми со штитината жлезда.

За да го врати своето здравје во рамнотежа, одлучила да го промени начинот на исхрана. Се фокусирала на исхрана која подразбира урамнотежено консумирање на намирници од растително и животинско потекло во умерен облик.

ОМНИ диетата подразбира 70% растителна исхрана и 30% протеини, главно од немасно месо. Иако диетата вклучува растителни и животински производи, има доста ограничувања.

На пример, млечни производи, глутен, шеќер, соја, пченка, компир и вештачки засладувачи – не се дозволени.

Искуствата на многумина кои ја практикувале оваа диета покажуваат дека со ваквата исхрана се регулираат воспалителните процеси во телото, се намалува ризикот од хронични заболувања и се оптимизираат мозочните функции.

ОМНИ диетата подразбира програм на исхрана во три фази и трае 6 седмици. Фазата 1 и 2 се малку рестриктивни, додека фазата 3 е поедноставна.

ФАЗА 1

Првите две недели јадете само дозволени намирници. Не смее да се консумира храна од забранетиот список. Се консумира околу 90% растителна храна. Се консумира зелено смути наместо појадок и вечера. На секои 3-4 часа се јадат намирници богати со протеини.

Се пие доста вода. Се вежба најмалку двапати седмично и се оди во сауна за детоксикација. Исхраната треба да се состои од 30% протеини, а 70% претежно овошје, а може и зеленчук. Важно е да биде од растително потекло.

ФАЗА 2

Во текот на оваа двенеделна фаза се продолжува да се следат правилата од ФАЗА 1, но дозволено е умерено да јадете и темно чоколадо или други слатки кои не содржат дополнителен шеќер. Покрај тоа, од вас се очекува да вежбате секојдневно и да пешачите најмалку 30 минути дневно.

ФАЗА 3

Исхраната во последните две недели овозможува поголема флексибилност во поглед на изборот на храната и последната фаза е всушност програм. Дозволено е во исхраната да имате 10% намирници од забранетиот список. Ако морате, консумирајте ја “забранетата храна”, ама во три залаци. Може да испиете и чаша црно вино еднаш седмично, но мора да ги одбегнувате алкохолните пијалаци кои содржат шеќер или глутен, како пивото или коктелите.

Дозволено ви е да уживате во јадењата во текот на евентуални прослави, како венчавки, родендени или годишници. Меѓутоа, од вас се очекува да планирате однапред и да изберете само една забранета храна во која ќе можете да уживате.

Важно е да не чувствувате вина поради консумирање на намирниците од “забранетиот” список. Оваа фаза треба да се следи најмалку две седмици.

СПИСОК НА НАМИРНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЈАДЕТЕ ВО ОМНИ ДИЕТАТА:

-Зеленчук кој не содржи скроб (рукола, артичоки, аспарагус, авокадо, репка, пиперки, брокула, зелка, морков, карфиол, целер, блитва, цикорија, краставица, домати, коморач, лук, кељ, зелена салата, печурки, кромид, ротквици, спанаќ, тиквички, модар патлиџан…)
-Органско немасно месо (пилешко, мисирлини, риба, моркси плодови…)
-Јајца (важни поради омега 3 киселини)
-Масти и масла (бадемово, кокосово, маслиново и масло од макадамија)
-Сирови и незасладени јаткасти плодови и семки
-Брашно од јаткасти плодови (бадемово брашно)
-билки и зачини
-Напитоци – вода, зелен чај и незасладени растителни млека

ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ ОГРАНИЧЕНО

Овошје – свежи или замрзнати бобинки (малини, боровинки, капини и јагоди), останатото овошје е дозволено повремено (на пр. јаболка, кајсии, банани, цреши, грозје, грејпфрут, киви, лимон, диња, портокал, праски, круши, ананас и лубеница)
Безглутенски житарици (интегрален ориз, киноа)
Растителни протеини (грашок и леќа – не се дозволени во првите две фази)
Масло за готвење – пченкарно, гии, растителни масла – обидете се да ги користите колку можете помалку)
Засладувачи – медот мора да биде сиров и непастеризиран – користете го во мали количини
Кафе: една шолја дневно, пред 12 часот.

ХРАНА КОЈА НЕ Е ДОЗВОЛЕНА

-бел компир
-јаглени хидрати (житарици, овесни снегулки, леб, бело брашно, шеќер, паста, ориз)
-свинско, шунка, преработки од месо
-млечни производи (путер, сирење, павлака, сладолед, млеко и јогурт)
-производи и грицки од пченка
-разни гризцки и слатки (торти, колачи, слатко, чипс, брза храна, соленки)
-шеќер било каков
-сокови (енергетски, купечки сокови, лимонади)
-сосови (кечап, соја сос)
-гмо храна

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ОМНИ ДИЕТАТА:

-го ограничува консумирањето на нездравата преработена храна
-поттикнува слабеење без гладување
-позитивно влијае врз притисокот и здравјео на срцето
-прави детокс на телото
-ја намалува зависноста од шеќерот
-позитивно влијае врз начинот на живот (подразбира здрава исхрана и вежбање).

Претходна статијаОревовача – рецепт за ликер од ореви кој лекува штитна жлезда, желудник и уште многу болести
Следна статијаЛична приказна – Како на нашиот тригодишен Лука му ја излекувавме кандидата од која беше болен