ПРАЗНИЧНИ КОЛАЧИ: ги јадеш, а не се дебелееш, 3 состојки и 10 минути, без шеќер. Рецепт на Брзо, едноставно&вкусно. Овие ситни колачиња може да ги подготвувате за престојните празници, а сепак да послужите со нешто здраво и лесно на стомакот.




Без да се прејадете или здебелите, овие колачиња се многу вкусни, а сепак здрави и се подготвуваат од 3 состојки. Ако имате 10 минути, направете ги уште сега бидејќи нема да зажалите. Јас откога ги направив, постојано додавам нова тура во чинијата бидејќи домашните ги јадат многу брзо.




Потребни состојки: 700 г печени и излупени кикирики, 4-5 лажички мед, 400 г темно чоколадо (незасладено). А опционално за поубав изглед ќе ви треба и: 3 лажички масло и бело чоколадо.




Постапка: Ставете ги во блендер кикириките и изблендирајте ги на најситно. Може да ги блендирате и на двапати ако не ви ги собере сите во блендерот. Измелената смеса ставете ја во подлабок сад и додајте го медот.




Замесете со раце фино тесто, малку потврдо од класичното, но важно е да не се распаѓа. Потоа префрлете го на хартија за печење и одозгора ставете проѕирна фолија. Развлечете го тестото со оклагија во правоаголник или коцка.




Големината на развлеченото тесто треба да биде нешто слична на калапот во кој ќе се лади. Мојот калап е со димензии 30х26 см и тестото беше со дебелина од 1 прст. Убаво измазнете ги краевите и тестото префрлете го во калапот.




Уште малку измазнете го доколку е потребно, а потоа отстранете ја горната проѕирна фолија. Во тенџере растопете го темното чоколадо со маслото (опционално, но маслото ќе го осветли малку чоколадото) со постојано мешање на ниска температура.




Половина од смесата прелијте ја врз горната површина на тестото и убаво распоредете. Ставете во фрижидер за чоколадото да се стегне околу 1 час. Потоа тестото го превртувате на работна површина и го враќате во калапот.




Ја премачкувате и другата страна со преостанатото чоколадо, а одозгора со кујнски шприц декорирајте со малку бело чоколадо. Исто така можете со дрвено стапче за ражнич да правите шари.




Ставете го колачот да се стегне уште 1 час во фрижидер, а потоа послужете со сечење на коцки, правоаголници.. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.