Здрав десерт кој ќе ве засити како цел оброк, а може да изедете многу парчиња и нема да ви се „слоши“ од благо. Го нареков дијамантски прстен бидејќи првпат кога го видов, се присетив на тоа. Ако не сте ги пробале овие колачи порано, мора да ги направите. Чудо рецепт! Децата ми бараат да ги правам трипати седмично.




Вкусен десерт кој се топи во уста! Десертот кој ме освои е токму овој, едноставен и вкусен. Направете го овој вкусен десерт со вкусно сушено овошје и јаткасти плодови и вашето семејство ќе биде воодушевено.




Потребни состојки: 60 г бело чоколадо (1/2 чаша), 35 г путер (1½ чаши), 4-5 лажички неутрална павлака, 100 г мелени бисквити/плазма (3/4 чаша), екстракт од ванила, 25 г кокосови снегулки (1/4 чаша).




И уште: 170 г темно чоколадо (2/3 чаша), 3-4 лажици неутрална павлака, 50-60 г путер, 200 г бисквитни трошки (1½ чаши), 80 г суви цреши (1/2 чаша) и повторно екстракт од ванила.




Постапка: За да го подготвите овој десерт, потребно е да правите 2 кори за ролат, едната бела, другата црна. Но, постапката е многу едноставна и лесно се подготвуваат. Прво се спрема белиот ролат за да се стегне во фрижидер додека го подготвите кафеавиот.




За белиот ролат: Во сад на пареа ставете го белото чоколадо скршено на коцки, заедно со путерот и 4-5 лажички неутрална павлака. Со повремено мешање почекајте да се растопи смесата.




Во блендер изблендирајте ги бисквитите и во мелената смеса додајте ги кокосовите снегулки и екстрактот од ванила. Измешајте, па прелијте ја малку подоладената бела глазура и соединете во ровко тесто.




Тестото се става на проѕирна фолија во ред и се завиткува како ролат. Завиткајте го што поцврсто во фолијата и ставете го да се стегне во фрижидер 1 час. Црната кора се подготвува на истиот начин:




Во тенџере на пареа се става да се растопи црното чоколадо скршено на коцки заедно со путерот и неутралната павлака. Потоа филот се трга настрана и се остава да се излади додека ги сомелете бисквитите, а сувите цреши ги исечете на помали парчиња, на три-четири пати.




Во плазмата додајте го екстрактот од ванила, а сувите цреши во чоколадната глазура и потоа спојте ги смесите една со друга. Оваа смеса се става на проѕирна фолија и се разлекува со оклагија во правоаголник со дебелина од 1 см.




На почеток на кафеавата кора се става одвитканиот бел ролат и се виткаат заедно како едно. Вака зацврстениот ролат во фолија се стега убаво и се става во фрижидер неколку часа. Потоа се наросува со шеќер во прав и се послужува на помали ролатчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.