ПРАЗНИЧНА ПАМУК ПОГАЧА…Многу вкусна и мека, се кине на конци…Фото и рецепт на Татјана Ковачева. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл топло млеко
150 мл топла вода
30 г свеж квасец
5 г шеќер
3 лажици масло
1 лажица оцет
2 јајца (1 жолчка за премачкување)
2 лажици кисело млеко
800 г брашно
10 г сол
И уште: 70 г путер за премачкување на корите
ПОСТАПКА:
Растворете го квасецот во топлото млеко со 2-3 лажици брашно, па откако ќе се активира после 20-30 минути замесете тесто со додавање на сите останати состојки кои мора да се замлачени или на собна температура.
Тестото поделете го на 500 г, 350 г и 450 г.
Тестото од 500 г развлечете го во правоаголна кора (отсечете ги краевите), премачкјате го со путер и од двете страни свиткајте ролнички, да се спојуваат на средината. Исечете парчиња 2 см долги.
Тестото од 350 г развлечете го во тркалезна кора и ставете го на дното во калап 36 см, а од страните наредете ги сечените парчиња, да го допираат ѕидот.
Тестото од 450 г поделете го на 8 еднакви делови и обликувајте топчиња. Развлечете ги во кори со големина на мала плитка чинија и премачкјате ги со путер. Направете густи засеци од едната страна (не до крај) и свиткајте од двете страни во ролнички.
Потоа свиткајте како ролничка и спојте ги краевите, да добиете облик на солза. Наредете во круг 7, а осмото ставете го во средина, свиткано како круг. Од преостанатото тесто направете топчиња и пополнете ги празнините.
Погачата покријте ја и оставете ја да ферментира 1 час на топло место за да може убаво да го зголеми волуменот.
Потоа премачкјате ја со жолчка помешана со малку млеко или масло и печете 50 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: