Фотографија и рецепт на Мучо

Ова е вкус кој се памти, во погачата ќе се вљубите уште на прв поглед. Потребни состојки: 500 г сенаменско брашно, 20 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец, 1 супена лажица шеќер или мед, 250 мл млеко, 2 јајца, 1 лажичка сол, 2 лажици масло, ½ лажичка лимонов сок, 100 г путер и 1 жолчка за премачкуавње

Постапка: Издробете го квасецот цо 100 мл топло млеко измешано со една лажица шеќер и малку брашно. Оставете го на топло место 10-тина минути, додека да се активира и запени.

Во поголем сад измешајте брашно и сол. Во средина од брашното направете вдлабнување во кое ќе ги додадете разматените јајца, остатокот од топлото млеко, маслото, лимоновиот сок и смесата со активираниот квасец.

Замесете го тестото со рака или со миксер со спирални продолжетоци до моментот кога тоа ќе започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Извадете го тестото на набрашнета површина и месете го со раце уште приближно 10-тина минути за да се постигне мекост и еластичност на тестото.

Тестото поделете го на 3 дела, намастете ги со дланките и ставете ги во сад. Покријте го садот и оставете го на топло место за да може тестото да стасува и да се удвои.

Кога тестото ќе се удвои за околу еден час, секој од трите делови преполовете го, така да добиете вкупно 6 дела. Секое парче развлечете го во правоаголна кора со приближни димензии на 25х20 см и дебелина од 3 мм.

Три правоаголници премачкајте ги по цела површина со растопен па изладен путер, па поклопете ги со друга кора. Можете и сите шест кори да ги премачкате со путер, па да ги спојувате две по две со премачканите страни.

Свиткајте три ролати по подолгата страна. Сите три ролатчиња исечете ги како што е прикажано на фотографијата. Започнете од средината на ролатот и со остар нож направете 4 или 5 триаголници. Кога ќе ги исечете триаголниците од сите три ролати, ќе гобиете 6 неправилни краеви.

Тепсијата (24 см) во која ќе ја печете погачата намастете ја со путер или прекријте ја со хартија за печење. Започнете со редење: Покрај работ на тепсијата наизменично наредете ги триаголниците. (мене ми остана еден триаголник вишок, па него го ставив во средина на погачата, со врвот надолу).

Во средина наредете ги неправилните триаголници-крајчиња со исечениот дел надолу. Редењето можете и по сопствена идеја да го направите. Покријте ја тепсијата и оставете ја на топло да стасува околу 40 минути, за да може тестото повторно да се удвои.

Откако ќе стаса погачата, премачкајте ја погачата со изматена жолчка и млеко (или жолчка и путер), па ставете да се прече во претходно загреана рерна, околу 30 минути.

После првите 10 минути од печењето намалете ја температурата од 180 на 160 степени. Печената погача премачкајте ја со преостанатиот путер и покријте ја со крпа да се лади 15-тина минути пред јадење.

Погачата по желба можете да ја филувате со сирење или да ја правите во слатка варијанта, со ореви, цимет, мак… По желба, исто така, одозгора можете да ја наросите со сусам или некои други семки пред печењето.

Coolinarika.com