Емир Солаковиќ, општ срцев и васкуларен хирург во текот на гостувањето во една ТВ емисија, наведе кој е нејдобриот појадок за жените, а кој за мажите.

“Јас се будам околу 6 часот. Доволни ми се 6 часа за да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од 6 часа имаат некаков проблем. Не е нормално да се спие подолго од 6 часа. Организмот сам се буди после 6-7 часа ако функционира нормално. Ако не можете да се наспиете, значи дека нешто се случува: или многу работите, или сте под стрес или во прашање е некоја болест…

Луѓето кои се дебели под дифолт се пациенти, бидејќи тие имаат поголеми шанси да се разболат од некоја болест.

Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Тој го прескокнува појадокот. Секогаш нешто грицка, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да уфрла храна во некоја пештера. Се движи само од автомобил до дома. Многу јаде, а нема физичка активност и така доаѓа до дебелеење.

ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА ЖЕНА Е: Штом наутро ќе станете испијте една чаша било каков чај. Исперете ги токсините што се таложеле преку ноќта. Потоа земете јајца: за жените идеален појадок е кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеини.

ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА МАЖ Е: Кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесува масно бидејќи тоа е важно за организмот. Ако сакате здрави масти, по таа кајгана слободно наросете малку маслиново масло.

Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите – сè е направено од тие белковини. И тоа без леб. Секој ден можете ова да го јадете.

На вашиот мозок му е потребен шеќер за да се нахрани, но кој? Јас ви препорачувам да сварите овес и да додадете неколку коцки темно чоколадо, па ставете и некоја сува слива. За појадок организмот ќе ви рече: Ти благодарам што ова ми го даде.

Организмот го сака овесот, бидејќи тој од сите намирници ја има истата супстанција како и мајчиното млеко. Немојте да јадете готови мешавини од снегулки, зошто тоа е ѓубре и преполно е со шеќер. Сварете си чист овес како што варите пченица.

После ова можете слободно да испиете кафе без шеќер и ќе дојде до празнење на цревата. Е, дури сега сте спремни за работа. Ќе можете да истерате 6 часа без никаков проблем. Организмот ќе ви функционира перфектно.

А доколку изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле чист шеќер. Организмот нема да знае дали изел кифла, тој ќе ја свари како шеќер. Колку е побел лебот, толку е поголемо ѓубре. Лебот со семки е добар и здрав, но правиот, црн леб. Без бои и додатоци. Но, максимално две парчиња.

Белиот леб не содржи ништо што вам ви е потребно!”