Потурен колач со гриз и ореви, штотуку испечен, прелиен со шербет, превкусен!

Имате два рецепти, еден од Славица Георге, а вториот од Родна Трпеска. Првиот колач е со ореви, вториот со гриз, и двата се потурени со шербет. Уживајте во вкусовите – ПОТУРЕН КОЛАЧ

Фотографија и рецепт на Славица Георге. Потребни состојки: 4 јајца, 10 лажици шеќер, 10 лажици масло, 10 лажици млеко, 1 прашок за печиво, 10 лажици мелени ореви и 10 лажици брашно. За шербет: 300 г шеќер и 250 мл вода

Постапка: Се матат јајцата и шеќерот и постепено се додаваат останатите состојки. Смесата се истура во тавче бр.28 и се пече на 200 степени околу 20 минути. Топлиот колач се потура со млак шербет и одозгора се наросува со мелени или сечкани ореви. / Фотографија и рецепт на Славица Георге

ТУРСКИ ПОТУРЕН КОЛАЧ

Фотографија и рецепт на Родна Трпеска. Потребни состојки: 3 јајца, ½ чаша шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 чаша густ јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 3 полни лажици брашно, 1 прашок за печиво и кора од лимон. За шербет: 1,5 чаша шеќер, 1,5 чаша вода и ½ лимон – сок

Постапка: Јајцата се матат со половина чаша шеќер и еден ванилин шеќер. Потоа се додава една чаша густ јогурт, една чаша масло, една чаша гриз, 3 полни лажици брашно, прашок за печиво и рендана кора од лимон. Смесата се излева во тепсија и се пече на 180-200 степени.

За шербет: ставете на оган 1,5 чаша шеќер со исто толку вода и половина цеден лимон, да врие пет минути и се трга на страна да излади.
Потурање: ладен шербет со врел колач.

Фотографија и рецепт на Родна Трпеска

Loading...