За да добиете што е можно поголем број цветови во сезоната,  разгледајте ги само видовите на хортензија кои цветаат повеќе пати. Овие билки поседуваат цвет на почетокот од сезоната, но и подоцна прават пупки, продолжувајќи да цветаат во текот на годината.

Кога ги бираме билките кои сакаме да ги засадиме за новата сезона, мора да имаме на ум дека оние видови кои растат и цветаат само во одреден период од годината или траат само една сезона, не се единствените кои можете да ги најдете на пазарот. Особено кога станува збор за билки кои добро успеваат и во саксии.

Цветните видови како што е хортензијата може да бидат лесно за садење, одржување и претставуваат опција која трае долго. За разлика од едногодишните билки, хортензијата е повеќегодишна и може да се одгледува во саксија или во градина.

Кога купувате хортензија за во саксија секогаш барајте го видот „hydrangea macrophylla“. Можете да уживате во ова цвеќе поради неговите бујни цветови од година во година, за разлика од некои други видови кои цветаат само неколку седмици и потоа ја завршуваат својата сезона и не можат да презимат.

За да добиете што поголем број цветови во сезона, бирајте ги токму оние видови кои цветаат повеќе пати. Овие билки поседуваат цвет на почеток од сезоната, но и подоцна даваат пупки, продолжувајќи да цветаат во текот на годината – ваква е„Endless Summer“ на пример.

Оригиналната ЕНДЛЕС САМЕР Хортензија дава сини и розови цветови. За разлика од неа „Blushing Bride“ дава бели цветови кои со текот на времето добиваат сини и розови нијанси.

Првата повеќегодишна хортензија е „Twist-n-Shout“, а дава розови и зеленкасти цветови на црвени гранчиња. Следната пролет може да ја очекуваме и сортата „Summer Crush“, која цвета со преубави цветови со боја на малина.

Кога ќе се одлучите за сортата на хортензија која сакате да ја купите, разгледајте дали таа има соодветни пропорции за садење. Експертите препорачуваат садници од околу 38 см во обем, особено за видот Ендлес самер. Тие исто така, сугерираат употреба на приготвена мешавина, подобро отколку земјата што ја имате во градината.

Цвеќето поставете го на тераса или во градината каде ќе има доволно сончева светлина, но да не биде изложено на премногу сонце зошто може да изгори, ниту пак на премногу сенка. Утринското сонце и попладневната сенка се идеални за ова цвеќе.

Исто така, проверувајте ги своите хортензии секоја вечер дали имаат доволно вода. Имајте во предвид дека тие сакаат да бидат во влага, и затоа не дозволувајте нивната земја да биде сува. Но сепак, не претерувајте со вода, за да не го скапете коренот, што значи, полевајте според временските услови. Да не е пресуво, ниту премногу влажно. Доколку патувате на одреден период, пренесете ги хортензиите некаде под сенка за да не се исушат.