Животот во денешно време е исполнет со нездрава храна, стресови и нервози. Сите ние некаде трчаме, ни недостасува време и последно на што помислуваме се редовните превентивни медицински прегледи, кои можат да ни го спасат животот.


Постои еден начин за приверка на вашата состојба кој ќе ви го предложиме, но тоа во никој случај не значи дека не треба да отидете кај вашиот матичен лекар.
Првите симптоми на болест можете да ги детектирате и во вашиот дом!

Постои еден едноставен тест, кој може да биде индикација за згрутчување на крвните садови, состојба, која е причина за мозочни и срцеви удари и смрт!

Еве што треба да направите:

Наполнете чаша со ладна вода и ставете ги внатре врвовите од прстите околу 30 секунди. Потоа, погледнете ги и утврдете ја нивната боја!

Во каква боја се обоија врвовите од прстите по тестот од 30 секунди и што тоа значи:

Ако прстите станале бели или сини, тоа би можело да значи дека имате проблем со циркулацијата, односно, крвните садови се стеснуваат и не дистрибуираат доволно крв во прстите, носот и ушите.

Познато е дека лошата циркулација, најчесто е како последица на згрутчувања во крвните садови, кои се особено опасни доколку се придвижат низ телото.

Тие можат да ги затнат артериите во срцето или главата и да предизвикаат инфаркт.

Доколку прстите не ја променат бојата, можете да бидете спокојни, но тоа не значи дека треба да ги занемарите редовните медицински прегледи!