Хрушчов Виктор Леонидович – натуропатски лекар, санолог, кандидат за медицински науки, академик на Руската еколошка академија, автор на повеќе од четириесет научни и популарни научни публикации.

Поради своите тези кои одат во исклучивости, овој нутриционист познат во светот, има голем број следбеници, но има и такви кои го сметаат за шарлатан.

Виктор Хрушчов тврди дека секој од нас треба да го исфрли современиот леб од исхраната, оној индустрискиот, а дава и објаснување за ова негово тврдење.

“Факт е дека ако јадеме леб со квасец, тогаш тој квасец влегува во нашиот крвоток, почнува да се размножува, ги троши нашите витамини, елементите во трагови, протеините”, тврди тој и продолжува:

“А истовремено тие излачуваат свои метаболни продукти – токсини. Односно, квасецот паразитира во нашето тело. Модерниот леб го сметам за еден од најстрашните изуми на човештвото.

Современиот квасец во текот на печењето се претвора во капсули глутен . Кога ќе дојде во цревата се ослободува од овие капсули и ја оштетува слузокожата и ја нарушува нормалната цревна микрофлора.

Па дури, паразитираат не само во цревата, туку и во крвната плазма и се размножува слободно во телото. Тоа може да резултира со различен вид на интолерација, габични болести, оштетен имунитет, што може да доведе до многу хронични болести и неопластично процеси.

А ако престанеме да го јадеме современиот леб со квасец, дури и после 5 години ќе најдеме клетки од квасецот во крвната плазма”, тврди Виктор Хрушчов и објаснува дека порано се користел друг вид на квасец кој не бил штетен.

“До 40-тите години од 20.век се користеше сосем друг вид на квасец. Го нарекуваа “хоп”. Овие квасци не беа антагонисти на човековата симбиотска микрофлора (т.е. не ги убиваа корисните бактерии кои живеат во дебелото црево), но за да стаса тестото бил потребен цел ден, што не им одговарало на пекарниците.

За да го интензивираат процесот на производство, започнале да користат сосем друг вид на квасец, кој се сметал за патоген, односно, оној кој во одредени услови може да предизвика болести. Тоа е термофилниот квасец, а тестото со таквиот квасец стасува за еден час.

Термофилниот квасец кој сега се користи за печење, е антагонист на човековата симбиотичка микрофлора.

Тоа значи дека овој квасец ги убива оние микроби во дебелото црево кои нормално би требало да произведуваат витамини, есенцијални аминокиселини, корисни биолошки активни супстанции и уште многу друго, што е неопходно за да може човековото тело во потполност да функционира и да биде здраво”, заклучува Виктор Хрушчов и советува да се вратиме на домашно приготвените квасци.