Вкусно и брзо јадење, може да се приготви за ручек или вечера.

Потребни состојки: 1 кг компир, 200 мл маслиново масло, 2 исцедени лимони, 6 чешниња лук (секое чешне исечено на три дела), 4-5 листови ловорови листови, ситно исечкани, оригано, сол и црн пипер

Постапка: Загрејте ја рерната на 250 степени., Измијте го компирот, излупете го и исечкајте го. Наредете го во тепсија – парчињата да не бидат едно преку друго, туку убаво рамномерно распоредени.

Ставете на оган да зоврие нешто повеќе од една чаша вода, па во неа растворете сол и прелијте преку компирот. Наросете и маслиново масло, додадете лук, ловор, оригано и црн пипер.

Ставете во рерна да се пече, а кога ќе испари водата и ќе остане само маслото, намалете го огнот на 200 степени, па печете околу 50 минути.

Пред крајот на печењето, прелијте го компирот со сок од лимон, па вратете уште малку во рерна. Кога ќе се запече е уште поубав, крцка и полека се растопуваат вкусовите.