Колачот е лесен и брз за подготовка, само се мешаат сите состојки и потоа се пече и се прелива со чоколадна глазура или едноставно премачкјате го со разреден џен и одозгора наросете мелени ореви. Не валкате многу садови што е одлично. Многу е мек и сочен, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г брашно, 100 г шеќер, 1 кафена лажица сода бикарбона (може да се замени со прашок за печиво), прстофат сол, 6 големи лажици какао во прав (незасладено), 16 г ванилин шеќер (1 кесичка), 250 мл вода, 250 мл масло. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 50 мл масло.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад измешајте ги сувите состојки по наведениот редослед: брашно, шеќер, сода бикарбона или прашок за печиво, сол, какао и ванилин шеќер. Измешајте ги сувите состојки со жица за матење, а потоа направете вдлабнување и додајте ги маслото и водата, по 250 мл.




Убаво измешајте додека смесата да стане еднолична, лесна и хомогена, без грутчиња. Во еден плех со димензии 15х20 см или некој со слична големина, ставете хартија за печење и излејте ја смесата од колачот.




Можете да го печете и во некој друг калап, помал или поголем, а колачот соодветно печете го пократко или подолго (најдобро да проверите со чепкалка) и ќе добиете повисок или понизок колач. Доколку оваа количина ви е мала, тогаш зголемете ги состојките и печете во поголем калап.




Откако ќе го излеете тестото во плехот, малку протресете го и потчукнете го од масата за да излезат евентуалните меурлиња, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Потоа извадете го колачот од рерна и оставете целосно да се олади.




Додека колачот се лади, во меѓувреме направете ја чоколадната глазура. Во мало тенџерче на шпорет соединете ги чоколадото и маслото додека да се растопи чоколадото и да се соедини со маслото.




Кога колачот ќе се излади, префрлете го на чинија со долната страна одозгора и извадете ја хартијата за печење. Премачкајте го колачот со чоколадната глазура, а потоа послужете го. Колачот е многу вкусен, посебно бидејќи го нема тој препознатлив вкус на јајца.