Посните јагоди не само што се многу вкусни, туку и одлично ја надополнуваат посната трпеза

На сите им се добро познати, а многумина веќе имаат рецепт за овие вкусни ситни колачи со изглед на јагоди. Со само неколку состојки секогаш можете да ги направите и да ги имате имате дома. Во продолжение прочитајте 2 рецепти за посни јагоди.

РЕЦЕПТ 1 Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ

Потребни состојки:

Loading...

100 мл вода
120 г маргарин
300 г шеќер
250 г мелени посни бисквити
100 г кокос
екстракт од јагода

Постапка:

Во едно тенџере на тивок оган ставете вода и маргарин. Кога ќе се растопи додадете го шеќерот и варете неколку минути додека и тој да се растопи.

Потоа додадете ги бисквитите и кокосот. Тргнете го тенџерето од рингла, па накапете екстракт до посакуваната боја. Промешајте добро и оставете да се излади.

Доколку смесата ви е малку леплива, тогаш додадете уште малку мелени бисквити и кокос. Правете мали топчиња и обликувајте ги во форма на јагоди. Втиснувајте дупче со дршката од дрвена лажица и валкајте го врвот во мелени фстаци и кристал шеќер.

РЕЦЕПТ 2 Фото и рецепт: Буба

Потребни состојки:

200 г мелени ореви или лешници
250 г шеќер во прав
1 лимон – сок (може и сок од портокал)
1 шишенце екстракт од јагода
малку црвена прехрамбена боја
малку вода за екстрактот
кристал шеќер за валкање

Постапка:

Замесете ги мелените ореви со шеќерот и сок од еден лимон. Од добиената смеса обликувајте мали јагоди, па секоја натопувајте ја во екстракт во кој сте додале малку боја и малку вода. Потоа валкајте ги во кристален шеќер.

Во секоја јагода забодете вистинско ливче или лист направен од фондан. Редете го во хартиени корпички и оставете ги да се исушат. Може екстрактот да го додадете во смесата, па да не морате секоја јагода да ја натопувате. Од оваа смеса излегуваат околу 30 јагоди.

Loading...