Посни колачи: 4 вида бомбици од една смеса – без печење со фантастичен вкус

Ова е еден супер рецепт за посни ситни колачи. Од една смеса можете да направите 4 видови топчиња кои имаат предобар вкус. Овие колачи можете да ги направите и масна варијанта, само прилагодете ги состојките според вашите потреби.

Потребни состојки:

500 г маргарин растопен и малку разладен
200-300 г шеќер во прав
900 г мелени посни бисквити
200 г бело посно чоколадо
200 мл сок од портокал
100 г посно црно чоколадо за натопување + 3 лажици масло
100 г кокос
100 г какао + 100 сецкано црно чоколадо
арома од рум
150 г суво овошје (брусница, суви сливи, суво грозје)

Постапка:

Во поголем сад ставете ги мелените бисквити и прелијте ги со растопениот маргарин, па додадете бело чоколадо растопено на пареа и шеќер во прав, па полека промешајте со дрвена лажица. Постепено се додава сокот од портокал и постојано се меша додека да се изедначи.

Loading...

Формираната смеса поделете ја на 4 еднакви делови и секој дел ставете го во посебен сад.

Во првиот дел ставете една супена лажица рум. Промешајте добро и ставете ја во фрижидер да се стегне. Од оваа смеса потоа формирајте бомбици кои ќе ги валкате во растопено црно чоколадо.

Во втората смеса додадете суво овошје, промешајте и изедначете, па оставете во фрижидер да стегне околу 20 минути.

Во третата смеса се додава кокос, се промешува и исто така се остава во фрижидер за потоа полесно да се формираат топчињата.

Во четвртата смеса се додава какао и 100 г сецкано црно чоколадо. Се соединува и се остава во фрижидер за да се стегне.

Бомбиците можете да ги валкате во кокос, мелени бисквити, кокос, чоколадо…

Деталите од постапката погледнете ги во видеото:

Loading...