ПОСНИ УШТИПЦИ за појадок…Многу се вкусни и топли и ладни…Првата тура ги јадеме со сирење, а втората со џем…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 мл вода
600 г брашно
10 г сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажица масло
ПОСТАПКА:
Во топлата вода растворете ги квасецот и шеќерпт, па додајте го брашното помешано со сол и масло. Изматете со лажица да нема грутчиња, прекријте со фолија и оставете да ферментира 30-тина минути.
Повторно промешајте го, па покријте го и оставете го по вторпат да ферментира. Загрејте масло, натопете ја лажицата во маслото, па црпнете од тестото и спуштете да се пржи на умерена температура.
Кога ќе добијат златножолта боја од едната страна превртете ги и од другата страна. Кога се пржени вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ: