Hевеpoјатно се вкусни, крцкави грицкалки… Единствена мана е тоа што се превкусни, па штом почнете да ги јадете, не можете да прекинете. Одлична закуска за оние кои постат, но и за сите останати. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.

посни спирални стапчиња – Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г меко брашно Т-400, 1 лажичка сол, 2 лажички шеќер, 1 кесичка сув квасец (10 г), 200 мл масло за готвење, 230 мл топла вода. ЗАЧИНИ: 2 лажички алева пиперка, 2 лажички буковец (т олчена лута пиперка), 2 лажички сув растителен зачин (вегета), 2 лажички оригано, 1 лажичка мелен црн пипер




ПОСТАПКА: Пригответе два големи плеха од електричен шпорет. Обложете го дното со хартија за печење и оставете ги на страна. Целата количина од наведени зачини (може да додадете и некои зачини по ваш вкус) ставете ги во помал сад, па добро промешајте за да се соединат. И оваа мешавина оставете ја на страна.




Во една вангла ставете брашно, додајте сол, шеќер, сув квасе и со лажица промешајте. Додајте масло и топла вода. Замесете тесто. Тестото прво месете го малку во вангалата, околу една минута, а потоа префрлете го врз работната површина. Работната површина не треба да се наросува со брашно, бидејќи тестото е масно и многу лесно се работи со него.




Добиеното тесто развлечете го со оклагија (обидете се да формирате правоаголен облик, за полесно сечење на лентите) во тенка кора со дебелина од 5 мм. Преку целата површина на кората рамномерно наросете ги приготвените зачини и со рака нежно втиснете ги во тестото.

посни спирални стапчиња – Верица Николиќ




Исечете ги ивиците од тестото за да добиете штанглички со правилна форма (а исечените страничници исто така свиткајте ги спирални и испечете ги). Рерната вклучете ја да се загрева на 230 степени. Значи, развлечената кора со правоаголна форма исечете ја на ленти-стапчиња со широчина од 2 см.




Потоа секоја кора пресечете ја на половина по должина. Секоја исечена лента спирално увртете ја, а шарените стапчиња редете ги во претходно приготвените плехови. Кога ќе го наполните едниот плех ставете да се печат стапчињата во загреаната рерна околу 15 минути.

посни спирални стапчиња – Верица Николиќ




Проверете, штом стапчињата на дното ја добијат онаа карактеристична румена боја, тогаш се готови, вадете ги. печените стапчиња оставете ги малку да подизладат, па послужете ги. Фотографии и рецепт на Верица Николиќ.

посни спирални стапчиња – Верица Николиќ