„Не само што се вкусни, туку и многу добро делуваат на перисталтиката, особено ако имате проблем со мрзливи црева. Рецептот го добив од аптекарка, го испробав и навистина е делотворен“, Мелани.

рецепт и фото на Виолета Баљошевиќ




Освен рецептот на Мелани, ќе ви го претставиме и рецептот на Виолета Баљошевиќ која неодамна ја презентираше постапката за овие популарни солени, спирални стапчиња кои се приготвуваат во текот на целата година, а не само за време на пост. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (на Мелани) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г црно/интегрално брашно (може и мешано), 50 г ленено семе (не треба да се меле), 50 г сончогледови семки, 50 г сусам, 1 кесичка прашок за печиво, сол по вкус, 200 мл вино (може и пиво), за премачкување: газирана вода со малку масло (за посни) или 1 цело јајце

РЕЦЕПТ 2 (Виолета Баљошевиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 мали шолји (за кафе) масло, 3 мали шолји пиво или вино (јас повеќе ги сакам со вино), 800 г брашно или по потреба, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 полна лажичка сол, мелено семе од афион (мак) и сусам за наросување




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во еден подлабок сад од сите состојки замесете убаво, компактно тесто. Брашното додавајте го постепено за да ја оцените точната потребна количина. Потоа тестото развлечете го во средно тенка кора.




Сечете облици какви што сакате. Тоа може да бидат стапчиња, спирали, коцки, крукчиња, крекери.. Редете ги во плех обложен со хартија и одозгора премачкјате ги со матено јајце или со мешавина од газирана вода со малку масло.




Наросете ги со сусам, ленено семе, ким, семки по ваш избор и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, приближно 10-15 минути. Доколку ги правите како закуска, а не како лек, можете одозгора да ги наросите и со крупна сол.

рецепт и фото на Виолета Баљошевиќ




ПОСТАПКА за рецепт 2: Од наведените состојки замесете тесто. најпрво помешајте ги течните состојки, а на крај постепено додавајте го брашното, во неколку наврати. Кога ќе добиете компактно и мазно тесто, поделете го на три бриближно еднакви делови.




Ова тесто не се лепи и убаво се работи со него. Развлечете средно тенка кора (најдобро врз парче хартија или проѕирна фолија) и одозгора преку целата површина наросете сусам. Поминете со оклагијата полека без премногу притискање, само колку да се втисне семето во тестото.




Превртете ја кората, па од другата страна наросете мелено семе од афион – мак. Повторете ја постапката и повторно поминете со оклагијата како со валјак. Потоа сечете штанглички, фатете ги со прстите за двата краја и свиткајте ги неколку пати.




На овој начин ќе добиете спирални стапчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат. Соленките треба да бидат крцкави. Тестото може да се чува во фрижидер неколку дена.