Посни шербет колачиња…или ПИВАРКИ БЕЗ ПИВО…Ровки, меки и вкусни…Рецепт на Теофанија. Еве за овие пости и нешто благичко да си направите. Ќе ви биде потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
За тесто:
2 чаши масло
1 чаша млака вода
до 750 г брашно
10 г сув квасец
12 г прашок за печиво
За шербет:
400 мл вода
400 г шеќер
1 ванилин шеќер
За валање: по желба кокос, мелени ореви, мелени лешници, мелени посни бисквити, какао..
СИТНИ КОЛАЧИ СО ГРИЗ: Готови се додека сварите кафе, излегуваат 70
ПОСТАПКА:
1.Најпрво се прави шербетот. Откако ќе почне да врие оставете да се готви на ниска температура околу 10-15 минути. Потоа оставете го да се олади.
2.Растворете го квасецот во млака вода, додајте масло и постепено додајте го брашното со прашокот за печиво. Замесете меко тесто и поделете го на 4 дела, а секој дел на 10 парченца.
Посни парени колачи со јатка орев, валани во кокос…Се топат во уста…
Или пак само кинете од тестото и формирате форми по желба. Во секое парче ставете ¼ од орев и затворете го, па повторно обликувајте топче.
3.Наредете ги во плех и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 15-тина минути, колку малку да заруменат, а сепак да останат светли. Кога ќе ги извадите од рерна веднаш ставете ги во ладниот шербет, на неколку минути.
4.Откако ќе впијат од шербетот, а тоа е за многу кратко време, неколку 10-тина секунди, ги валаме во кокос, мелени лешници или ореви, по желба.