Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – ПИВАРКИ.

Уживајте во прекрасните посни пиварки приготвени според рецептот на нашата драга пријателка Beti Josi. Како и сите други нејзини рецепти, така и овој, е едноставен и брз, но со неодолив вкус.

Потребни состојки:

2,5 чаши (од 200 мл) масло
2 чаши пиво
500 г брашно
1 прашок за пециво
100 г крупно мелени ореви или потпечени лешници, или мешано по половина од секое

За шербет:

800 мл вода
650 г шеќер

Постапка:

Во сад за месење измешајте ги пивото и маслото и додадете го прашокот за печиво. Додадете го потоа брашното и соединате ги состојките. На крај додадете ги крупно мелените ореви или лешници, или мешавина од двете и уште еднаш убаво замесете со рака, да добиете фино, мазно тесто.

Развлечете кора од тестото со дебелина 4 мм и со калапче вадете форми. Пиварките редете ги во плех обложен со хартија. Печете ги во загреана рерна на 190 степени околу 10 минути, не смеат да се препечат. Внимавајте да останат бели, така шербетот полесно ќе се впие.

Свaрете го шербетот: Водата и шеќерот ставете ги во тенџере на оган и оставете да врие 5 минути. Потоа печените колачи прелијте ги со топлиот шербет. Повремено превртувајте ги. На крај, извалајте ги во кокос.

*Ако не пречи што во составот има пиво (при печењето испарува), тогаш овие колачи би можеле да се вбројат во посни и како такви, во добро затворена кутија можат да се чуваат повеќе денови.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)