ПОСНИ ПАМУК КИФЛИЧКИ…Посни кифли помеки од памук, дури и следниот ден…Има ли нешто поубаво од тоа кога кујната ќе замириса на кифлички кои штотуку се испекле?
Покрај украсниот изглед, овие кифлички имаат и феноменален вкус, сочни и меки како памук…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
850 г брашно + 2 лажици
500 мл вода
100 мл масло
1 лажица шеќер
1 коцка свеж квасец (42 г)
1 лажица сол
1 прашок за печиво
100 г посен мајонез
околу 100 г маргарин
ПОСТАПКА:
Растворете ја коцката квасец во 500 мл вода и додајте шеќер и 2 лажици брашно, па оставете 10-тина минути да се активира и запени.
Половина од брашното сипете го во поголем сад за месење, па додајте сол, прашок за печиво, масло и активираниот квасец.
Замесете меко, нелепливо тесто со постепено додавање на брашното. Ова тесто треба да биде малку помеко од тестото за класични кифли. Оставете го еден час да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот.
Малку премесете го и истресете го врз набрашнета работна површина, па поделете го на 18 топчиња. Покријте ги со крпа за да не се сушат. Секое топче развлекувајте го со оклагија. На едната половина направете 4 засеци и свиткајте во кифла.
Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги да ферментираат 40 минути.
Премачкјате ги со посен мајонез, посипете ги со сусам и печете ги 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: