Посни палачинки тенки како хартија…Меки се како памук, а можат да се јадат и следниот ден…

Палачинките се омилениот десерт на сите генерации. Она што е одлично за нив е тоа што може да ги послужите како солен оброк или како десерт.

Некои ги јадат шупливи, а некои филувани со чоколаден или лешников крем, мед, џем, пудинг, сладолед, а трети пак ги сакаат со солен фил или похувани како пирошки.

Во продолжение прочитајте ги двата најдобри рецепти за посни палачинки кои се подготвуваат без млеко и јајца, а сепак вкусни, меки и тенки како лист хартија, а кога ќе се нафилуваат со мармалад и наросат со мелени ореви, нема ништо поубаво, пишува НМД.

Со какао и шеќер мора да пробате, но мора да го наросите додека палачинките се врели за да може да се растопи и соедини. Може да ги наросувате и со цимет, кокос… а може да ги правите и солени.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ):

300 г брашно,
500 мл газирана вода,
100 мл масло,
1 прашок за печиво,
1 прстофат сол
и малку сода бикрабона околу половина лажичка.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ):

500 мл вода + уште малку за да се разреди додека да се добие густина на јогурт,
350 г меко брашно,
1 лажичка шеќер,
½ лажичка сол,
2 кесички ванилин шеќер (20 г) или арома,
малку рендана кора од лимон (не мора),
3 лажици масло за тестото + неколку капки за тавата за печење,
1 лажичка прашок за печиво.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ПОСНИ ПАЛАЧИНКИ ОД НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ: Газираната вода ги прави воздушести и меки, како со јајца да се

НАМАЧКАЈ, СВИТКАЈ И ИЗЕДИ…Посни палачинки без јајца и млеко…Меки како душа, секогаш успеваат…