ПОСНИ КИФЛИ (НА ВОДА, БЕЗ КАПКА МАСЛО)…Можат да бидат солени или слатки, а тајната за нивниот неодолив вкус е преливот со кој се премачкуваат…Фотографии и рецепт на Марија Михајлов. Еве што е потребно:

Посни кифли/ фото и рецепт на Марија Михајлов

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
20 г свеж квасец (1/2 коцка)
200 мл + 200 мл топла/млака вода
2 лажички шеќер + малку брашно
1 лажичка куркума во прав
2 лажички сол
1 кесичка прашок за печиво
брашно по потреба (приближно 700 г)

За прелив:
100 мл ладна вода
1 лажица брашно
сусам, ким, семе по желба за посипување
се печат на 200 степени 20-тина минути

За фил (по желба може да бидат и празни):
џем по желба за слатки кифли
посен кашкавал/пржен кромид со рендан компир/соини трошки за солени кифли

Посни кифли/ фото и рецепт на Марија Михајлов

ПОСТАПКА:

1.Активирајте го квасецот во 200 мл топла вода, малку брашно и шеќер. Оставете на топло да се запени.

2.Додајте го остатокот од топла вода, сол куркума и брашно, па замесете средно меко тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот и не се лепи за рака. Оставете го покриено да ферментира половина час.

3.Кинете топчиња од тестото и обликувајте кифли, или поделете го на две половини, развлечете кори, исечете триаголници, филувајте ги по желба, па виткајте ги во кифли.

4.За прелив: во 100 мл ладна вода изматете лажица брашно, загрејте до вриење и непрекинато мешајте за да добиете мазна густа течност без грутчиња.

5.Премчкајте ги кифлите, солените посипете ги со сусам, ким и сл., па печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути. Слатките кифли посипете ги со шеќер во прав. / Фотографии и рецепт на Марија Михајлов