Посни кифли и тоа какви…Ги правам преку цела година и кога не се пости…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл млака вода
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
550 г брашно тип 400 меко, се додава постепено по потреба
2 лажички сол
100 мл масло
100 г посен марагарин за премачкување на корите
30 г сусам
За премачкување на кифличките:
1 лажица брашно
2-3 лажици вода
1/2 лажица посен мајонез
малку сол
ПОСТАПКА:
Во млаката вода растворете фи шеќерот и квасецот, па откако ќе се активира по 5-10 минути, сипете го во брашното помешано со сол, заедно со маслото и замесете меко тесто кое не се лепи.
Веднаш се работи со ова тесто без да се чека да ферментира. Поделете го на 6 топчиња. Развлечете ги во кори со големина на чинија и одозгора премачкјате ги со омекнат маргарин. Редете ги една врз друга, а врз третата посипете сусам.
Продолжете да ги редите корите, а само последната (6.) кора не ја премачкувајте со маргарин. Сите одеднаш со оклагија развлечете ги во една тенка кора со дебелина од 5 мм.
Кората исечете ја прво на 4 дела, а потоа секој на 6 триаголници. Така, ќе добиете 24 кифлички. Свиткајте ги кифличките и наредете ги во плех обложен со хартија. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 50 минути.
Потоа премачкјате ги со смесата од вода, брашно и мајонез и малку сол, па печете ги 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Додека се топли премачкјате ги со растопен маргарин. Постапката погледнете ја ОВДЕ: