Посни бомбици од јаболка, едноставни, вкусни, брзопотезни

Фото и рецепт: Агица

Ова се брзи и едноставни бомбици а многу вкусни, задолжителни на мојата новогодишна трпеза.

Потребни состојки:

400 г шеќер
500 г изрендани, малку киселки јаболка
250 г маргарин
500 г мелени посни бисквити
50 г кокосово брашно
150 г кокосово брашно за валкање (не мора)

Постапка:

Loading...

Шеќерот запржете го како за карамел, па кога ќе се растопи и добие златна боја, додадете ги изренданите јаболка.

Вратете повторно на оган и соединете со постојано мешање. Додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи.

Потоа додадете го кокосот и мелените бисквити. Убаво измешајте додека да добиете изедначена смеса. Оставете неколку часови во фрижидер да се стегне и излади, а потоа правете ги бомбиците.

Убави се и такви какви што се, но можете да ги валкате во кокос, мелени бисквити, мелени ореви, да ги украсите со растопено чоколадо или нешто по ваш вкус.

Loading...