Home архива ПОСНИ ЌЕБАПИ И ПЛЕСКАВИЦИ (без соја)…Толку многу се вкусни и здрави, јадеме...

ПОСНИ ЌЕБАПИ И ПЛЕСКАВИЦИ (без соја)…Толку многу се вкусни и здрави, јадеме по цел куп одеднаш!

ПОСНИ ЌЕБАПИ И ПЛЕСКАВИЦИ (без соја)…Толку многу се вкусни и здрави, јадеме по цел куп одеднаш!

Дали сте во потрага по рецепт што ќе ги задоволи сите вкусови, а притоа е посен, здрав и лесен за подготовка?

Овие посни плескавици и ќебапи направени од пченични или јачменови снегулки се вистински хит!

Без соја, полни со природни состојки и зачини, тие се толку вкусни што ќе ги јадете дури и кога не постите, пишува НМД.

Совршени за семеен ручек или вечера, а може да ги подготвите пржени или печени – изборот е ваш! Еве како да ги направите според рецептот на Бојана.

Потребни состојки:

– 400 г пченични или јачменови снегулки
– 280 г кромид
– 4-6 чешниња лук
– 1 мала лажичка црвен лут пипер
– 1 голема лажица црвен благ пипер
– 1 голема лажица ситно исечкан магдонос
– Сол и мелен црн пипер по вкус
– 1 голема лажица маслиново масло
– 1 лажица обично масло (за пржење или печење)
– НМД

ПОСТАПКАТА опишана во детали со фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:

ПОСНИ ПЛЕСКАВИЦИ И ЌЕБАПИ…(без соја)…Толку се вкусни и здрави, јадеме цел куп и кога не се пости…

Во тенџере ставете вода да зоврие, па додајте ги пченичните или јачменовите снегулки. Варете ги 2-3 минути, а потоа оставете ги кратко да набабрат. Исцедете го вишокот вода и оставете ги на страна.

Кромидот сомелете го или ситно исечкајте го, па пропржете го на една лажица обично масло додека не омекне и добие златна боја. Додајте го во исцедените снегулки.

Во садот со снегулки и кромид додајте мелено лукче, ситно исечкан магдонос, црвен лут и благ пипер, сол и мелен црн пипер по вкус.

Сипете една лажица маслиново масло и добро измесете ја смесата со раце додека не стане компактна и лесна за обликување.

Со намастени дланки формирајте плескавици, ќофтиња или ќебапи, според ваш избор.

Пржење или печење (по избор):

– Пржење: Загрејте тава на умерена температура и намастете ја со малку масло.

Пржете ги плескавиците или ќебапите додека не заруменат убаво од едната страна, па внимателно превртете ги и пржете ги кратко од другата страна.

Готовите плескавици ставете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

– Печење: Наредете ги плескавиците во плех обложен со хартија за печење, намачкајте ги одозгора со малку масло и печете ги во загреана рерна на 200°C додека да добијат убава златно-кафеава боја.

Послужете ги топли со свежа салата, посен ајвар или прилог по ваш вкус.

Овие плескавици и ќебапи се толку вкусни што ќе станат омилено јадење во вашето семејство – пробајте ги и уживајте!