Cупер економична и вкусна торта која одлично се сече на коцки или квадари по желба, излегува во голема количина и совршена е за слави, родендени и други прослави. Ова се едни од повкусните колачи кои први се изедуваат и сите бараат рецепт.

Розен торта со сусам: Кристина Гашпар




Се приготвува од купечки розен кори, но кој сака и има време, може да си направи и домашни кори. Со готовите кори колачот многу побрзо и поедноставно се приготвува. Запишете си го рецептот на Кристина Гашпар и направете ја розен тортата со сусам. Еве што ви е потребно:

Розен торта со сусам: Кристина Гашпар




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување розен кори (8 кори, 440 г), 400 г шеќер, 250 мл врела вода, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 200 г посен маргарин, 300 г мелен сусам, 300 г мелени бисквити. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г темно, посно чоколадо, 2 супени лажици маргарин и 2-3 лажици топла вода




ПОСТАПКА: шеќерот ставете го во тенџере и загревајте го на тивок оган додека постепено да се растопи и да добие карамел боја. Кога ќе добие убава боја, додајте го маргаринот исечкан на коцкички, промешајте, па зелијте со врела вода.




Гответе додека сите состојки да се соединат. Тргнете го тенџерето на страна и оставете малку да се подизлади (да не е премногу врел), па додајте ги мелениот сусам и мелените бисквити. Убаво промешајте додека да добиете фина густа смеса која може да се мачка.




Поделете го филот на седум приближно еднакви делови и веднаш филувајте ги розен корите додека е сè уште топол. Јас не го делам филот, туку врз секоја кора ставам по четири полни супени лажици и тоа е доволно.

Розен торта со сусам: Кристина Гашпар




Меѓутоа, доколку немате искуство во тоа, ви советувам сепак, пред филувањето да ја поделите смесата ако ви е важно да биде рамномерно распоредена на корите. Тортата добро спакувајте ја во кеса и одозгора ставете нешто тешко за да можат корите убаво да се залепат.




Следниот ден прелијте ја глазурата. За глазура: на тивок оган растопете го чоколадото заедно со маргаринот, па на крај додајте топла вода. Секако, доколку сакате ставете и некоја глазура по ваш избор.




Кога глазурата ќе се стегне, исечете го колачот на облици со големина по ваша желба. Најдобро е колачот да биде на собна температура пред сечењето за да не испука глазурата. Исто така, сусамот пред да се сомеле добро е кратко да се истостира/пропржи во сува тава, само колку да замириса убаво. Рецепт на Кристина Гашпар.