Многу млади домаќинки се соочуваат со потешкотија при замесување на тесто. Најчесто причината за тоа е несоодветниот сооднос на намирниците, па затоа секогаш е важно тестото да се прави според наведените количини. Искусните домаќинки можат одокативно да проценат колку е доволно да се употреби некоја состојка.




Повеќето ќе се согласат дека домашните печива се најубавиот оброк. Секако, најбарани и највкусни се мекиците и уштипците кои се замесуваат од неколку состојки и ги обожаваат сите возрасни групи, од најмлади до најстари. Во продолжение може да прочитате еден рецепт за вкусни уштипци, кои не впиваат масло. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл млеко, 100 мл вода, 2 јајца, 150 мл кремаст јогурт, 600 г брашно, 5 г сув квасец (2 лажички), 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер. Млекото, јајцата, водата и јогуртот се оставаат да отстојат минимум 1 час на собна температура, пред замесување на уштипците.




ПОСТАПКА: Помешајте ги млекото и водата и додајте ги во еден подлабок сад, каде што ќе го замесите тестото. Потоа, додајте го квасецот кој треба да го измешате со жица/маталка во течните состојки.




Се додава шеќерот, солта, јајцата, па кремастиот јогурт и сите состојки фино се соединуваат во течна и еднолична смеса. На крајот, се започнува со постепено додавање на брашното, додека непрекинато мешате со шпатула или дрвена лажица.




Како што го додавате брашното, така смесата ќе станува сè погуста. Кога ќе почне да се соединува во фино тесто, се продолжува да се меси со раце, додека тестото да стане компактно и нелепливо под прсти. Вака подготвеното тесто, малку се намастува во садот каде што го замесивте, се покрива со проѕирна фолија и се остава да стасува околу 30-тина минути на собна температура.




Потоа, кога тестото ќе нарасне, сосе садот каде што е ставено се става во фрижидер и се остава да отстоу уште 10-12 часа, најдобро преку ноќ. Доколку го практикувате овој метод на отстојување, тестото излегува многу меко и воздушесто, многу е подобро отколку одма да го искористите за печење или пржење.




После 12 часа во фрижидер, тестото се замесува на набрашнета работна површина за да се соедини уште малку. Тестото се остава да одмори уште 15-тина минути, па потоа со оклагија се развива, да не биде премногу тенко, отприлика да биде со дебелина од 1 см.




Од вака подготвеното тесто се сечат правоаголници, во три редови, со големина по ваша желба. Вака подготвените правоаголници се ставаат да се пржат во претходно загреано тавче со масло, додека да заруменат од двете страни. Ова тесто може да го користите за правење на пица, фурнаринки и други филувани печива. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.