ПОСНА РЕФОРМ ТОРТА: многу вкусна, се топу во уста, а подготовката е многу брза и едноставна. За сите љубители на чоколадниот вкус, а може да ја правите за славите и празниците кои се ближат.




Оваа торта ја имам правено повеќе од 50 пати, бидејќи е многу вкусна и едноставно сите ја обожаваме. Рецептот го добив уште многу одамна, но тогаш не знаев убаво да ја подготвувам. Сега го имам усовршено рецептот.




Мојата колешка Буба, со која заедно работиме често ја подготвуваше оваа торта за прославите на кои спремавме кетеринг заедно. Нејзините торти и колачи секогаш се јадеа со брзина на светлината.




Сите ги испробуваа нејзините вкусни јадења, ја прашуваа за рецепт и многу од нив кажуваа како дома ги испробувале рецептите за да ги направат исто како и Буба. Имам многу рецепти препишано од мојата колешка, меѓу кои е и оваа торта.




Ја правам за слави, родендени и други прослави и секогаш се надевам дека ќе биде изедена веднаш како на Буба. Потребни состојки за кора: 150 г мед, 100 г шеќер, 3 шолји вода, 200 г брашно, 150 г мелени ореви, 1 лажичка сода бикарбона и цимет по избор.




За фил: 300 г мелени ореви, 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 шолја вода, 100 г црно чоколадо, 1 маргарин од 250 г. За декорација: малку мелени ореви или рендано чоколадо, а може и некој посен шлаг.




Количината на спомнатата шолја за вода која ја користам е од 80 мл, мала шолја. Постапка: Измешајте ги медот, водата и шеќерот до изедначување. Во друг сад измешајте ги брашното и останатите суви состојки. Додајте ги во смесата со мед, па убаво соединете со дрвена лажица.




Земете голем плех (мојот е 40×34 cм) обложете го со хартија за печење и рамномерно распоредете ја масата. Печете 20 минути на 175°C. Испечената и оладена кора поделете ја на три еднакви дела.




За фил: Во сад се ставаат шеќерот и ванилиниот шеќер, се прелева со шолја вода и се остава да зоврие на оган. Кога шеќерот ќе се растопи, тргнете го садот од оган, па веднаш додајте ги мелените ореви и чоколадото скршено на помали парчиња.




Сè добро измешајте за да се соединат состојките рамномерно. Маргаринот посебно изматете го, па соединете со изладениот фил. Кората премачкајте ја со филот, одозгора ставете втора кора и таа премачкајте ја, а тргнете и дел од филот настрана кој ќе ви биде потребен за подоцна за премачкување на целата торта.




Одозгора наросете со мелени ореви или украсете со растопено чоколадо или растителен шлаг. Колачот треба да отстои ден-два за да се опушти кората и да проникнат вкусовите. / Сoolinarka.com