Нема кој не ги сака вкусните пици. Тие се омиленото јадење за многумина, а особено за децата. Овојпат пригответе им поздрава варијанта со зеленчук, која ќе ги освои со вкуспт. Фотографија и рецепт на Верица Николиќ.

Потребни состојки за тесто: 450 г брашно, 280 мл вода, 70 мл масло, 1/2 коцка квасец, 1,5 лажичка сол и 1 лажичка шеќер.

Потребни состојки за фил: 2 лажици кечап, 2 лажици ајвар, 100 г маслинки, 100 г печурки, 1/2 кромид, 3 поголеми кисели краставички, 1 мала, свежа пиперка, 50 г слатка пченка, 2 поголеми конзерви туна на парчиња, 300 г растително сирење, 1 кесичка оригано.

растворете го квасецот во млака вода и лажичка шеќер

Постапка за приготвување на тестото: Во топла вода додајте го шеќерот, па растворете го квасецот и оставете го на топло да се активира 10-тина минути. Во подлабок сад ставете го брашното, додајте масло и замесете го тестото со активираниот квасец.

Замесеното тесто оставете го да стаса додека се подготвува филот. Фил: исцедете ја туната од маслото и измешајте ја со ситно исечкан кромид. Исечете ги шампињоните на потенки парчиња, пиперките и краставиците на коцки, а маслинките исечете ги на кругчиња.

Измешајте ги ајварот и кечапот и добро соединете ги. Земете голем плех за печење (од електричниот шпорет) и подмачкајте го со малку масло (може и да го обложите со хартија за печење, но и неа малку намастете ја). Раширете го стасаното тесто споредта големина на плехот.

Преку цела површина премачкајте го со мешавината од кечап и ајвар. Потоа наредете туна со кромид, потоа исечкани печурки, краставици, пиперки, маслинки и слатка пченка. Наросете оригано и одозгора изрендајте растителното сирење.

Ставете да се пече, во загреана рерна, на 200 С. Веднаш штом рабовите на тестото започнат да заруменуваат, пицата е готова. Извадете ја од рерна и послужете.

Брза пита-пица со богат фил – како порано не се сетив на ова? 4 рецепти за најубава пица

Фотографии и рецепт на Марика Минич – Пица-пита. Рецептот за оваа многу вкусна и интересна пица-пита го објави нашата драга членка Марика Минич во групата НМД рецепти. Се замесува меко тесто, а потоа се развлекува кора и се филува на многу интересен начин.

Еве кои состојки ќе ви бидат потребни за да го приготвите тестото: 400-450 г брашно, 200 мл млако млеко, 20 мл газирана вода, 50 мл масло, 1 лажичка шеќер, 20 г сув квасец и 1 јајце. За фил ќе ви бидат потребни: 100 г сирење по избор, 250 г спанаќ и 2 јајца.

Постапка: Од сите набројани состојки замесете меко и мазно тесто. Покријте го и оставете го на топло место да стасува додека да го удвои волуменот. Потоа премесете го на малку набрашнета површина и развлечете кора со помош на оклагија во форма на круг од 30 см.

Во средината ставете некоја чинија за да се обележи помала кружница а надворешниот прстен од кората исечете го на лентички со широчина од 1,5-2 см (погледни фотографија). Потоа прекрстете ги една преку друга и на тој начин ќе добиете интересна плетка.

Во средина на кората ставете го филот. За да го приготвите филот ќе ви бидат потребни 250 г измиен, исцеден и исечкан спанаќ, посолен и истискан со рацете за да омекне (или можете кратко да го избланширате во врела вода). Во спанаќот додајте 100 г ситно сирење и 2 јајца.

Измешајте ги состојките добро за да се поврзат и филувајте ја кората. На страна изматете едно јајце (или само жолчка) со една лажица масло, па премачкјате ги плетенчињата (оквирот на питата) и наросете сусам (ленено семе или некои семки по ваша желба).

Вака приготвената пита-пица ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. Околу 10-тина минути пред крајот на печењето извадете ја питата од рерна, одозгора во средината наросете рендан кашкавал, па вратете да се допече.

II РЕЦЕПТ – Превкусна пица-пита со тиквички – Прсти да излижеш! Многу вкусна галета или пица со тиквички.

Потребни состојки за тесто: 160 г брашно, прстофат сол, 110 г ладен путер, 60 мл кисела павлака, 2 мали лажички лимонов сок, 60 мл ледено студена вода.

За фил: 1 голема тиквичка, 100 г свежо сирење, 2 лажици маслиново масло, 1-2 чешниња лук, 120 мл кисела павлака (остатокот од чашката), 30 г пармезан, 1 топче моцарела, сол, пипер, босилек. Останато: 1 жолчка за премачкување.

Постапка за тестото: во мултипрактик измешајте брашно и малку сол. Додајте на листови исечен студен путер и измешајте. Потоа додајте кисела павлака, вода и лимонов сок, па пулсирачки мешајте додека состојките да се соединат и тестото да се обликува во топка.

Сето ова може убаво и рачно да се замесе. Топката тесто завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете ја да отстои еден час во фрижидер. Рерната вклучете ја на 200 степени. Додека тестото се лади во фрижидер, направете го филот. Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки тркалца.

Наредете ги на книжна салветка, посолете ги одозгора, и оставете ги 15-тина минути да ја пуштат водата. Потоа од горната страна нежно потапкајте ги со друга салфетка за да ја впиете влажноста. Лукчето истолчете го па измешајте го 1 лажица маслиново масло.

Во еден сад измешајте: свежо сирење, кисела павлака, пармезан, на коцки исечена моцарела, 1 лажица маслиново масло со лукче, босилек, сол и црн пипер. Тестото извадете го од фрижидер и на побрашнета работна маса развлечете кора во круг со дијаметар од 30 центиметри.

Плехот од рерната обложете го со хартија па во него пренесете ја кората. На тестото нанесете ја смесата со сирење, па лесно со лажица размачкајте, оставајќи по 2-3 см празен простор на рабовите. Врз сирењето наредете тркалца од тиквичка, започнувајќи од средината кон краевите, во круг.

Поросете маслиново масло (1 лажица) па преклопете ги рабовите на тестото. Жолчката изматете ја па со неа премачкајте ги рабовите (можете да наросите и сусам). Печете околу 35 минути додека да порумени. Оставете малку да излади, па сечете на парчиња.

III РЕЦЕПТ – Како порано не се сетив на ова? НАЈУБАВАТА ПИЦА. Се приготвува многу лесно и едноставно.

Потребни состојки: 500 г брашно (просеано, за да биде повеќе воздушесто), 1 сув квасец, 100 мл млеко, 200 мл вода +-, 1 лажичка мед или шеќер, ½ лажица сол. За фил: 200 г шунка, 100 г пршута, 200 г кашкавал, 200 г пропржени или маринирани печурки, кечап, оригано, сусам и жолчка за премачкување.

Постапка: Во топла вода разматете го квасецот, лажица брашно и лажичка мед или шеќер. Оставете го квасецот да се активира.

Брашното посолете го и во него додајте го активираниот квасец и млако млеко. Замесете тесто кое се одлепува од ѕидовите на садот, па потоа префрлете го на работната површина и удредете го 5-6 пати. Така ќе добиете убаво воздушесто тесто.

Тестото премачкајте го маслиново масло (или обично), завиткајте го во проѕирна фолија или вратете го во садот и покријте го со кеса. Оставете го стасува. Додека тестото стасува, вие можете да ги сечкате и рендате состојките за филот. За еден час ова тесто ќе се удвои убаво.

Потоа премесете го околу минута – две. Потоа директно врз хартија развлечете го во кора. Во центарот на кругот направете дупченце. Потоа спушете некој соодветен сад за да обележете круг (15 см), па од дупчето (центарот) пресечете 8 триаголници, до обележаниот круг.

Намачкајте со кечап, па наредете го филот во круг како прстен. Количината и состојките се по ваша желба. Потоа триаголниците еден по еден, се повлекуваат преку филот и се подвлекуваат под тестото. Одозгора премачкајте со жолчка и наросете со сусам. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 15-20 минути.