Фото и рецепт: Марина Спасојевиќ

Потребни состојки:

500 г шеќер
150 мл вода
200 г мелени бисквити/посни
150 г мелени лешници
250 г посен маргарин/путер за мрсна
100 г чоколадо
1 лажица арома рум

за глазура:

100 г чоколадо
3 лажици масло
малку маргарин/путер

Постапка:

Во еден сад ставете шеќер и вода, загрејте, па кога ќе проврие варете уште 4-5 минути.

Шеќерниот сируп би требало да има густина на мед. Тргнете го садот од рингла, па ставете цел маргарин или путер исечен на листови и мешајте додека целосно да се растопи.

Додадете ги мелените бисквити и мелените лешници додека сирупот е уште врел. Изедначете ја смесата (ако е премногу густа, додадете 1-2 мали лажички врела вода и промешајте).

Смесата поделете ја на два еднакви дела, па во едната половина додадете чоколадо и лажица рум. Во помал калап 16х26 см обложен со хартија за печење, ставете го чоколадниот слој. Израмнете, па одозгора распоредете ја светлата смеса.

Убаво израмнете и оставете бајадерата добро да се олади.

За глазура: на тивок оган или на пареа растопете го чоколадото со малку масло и путер, па прелијте преку изладената бајадера. Почекајте глазурата целосно да се стегне, па со остар нож сечете на помали штангли.

Фото и рецепт: Марина Спасојевиќ