ПОСНА ГИБАНИЦА СО КРЕМ И ГАЗИРАНА ВОДА…Вкусно и здраво јадење за време на пост, но и преку цела година…
Посна гибаница со крем сирење од сончоглед – Вкусно и здраво решение за секој оброк…
Оваа посна гибаница е идеална за секој кој сака вкусен и лесен оброк за време на постот. Комбинацијата од кори за пита и богат фил од сончогледово крем сирење дава совршен спој на крцкаво и кремасто.
Лесната подготовка и богатиот вкус ќе го направат омилено јадење во вашиот дом. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За фил/прелив:
1 1/2 чаша газирана вода (околу 300 мл)
2/3 чаша масло
2-3 лажици пченкарно брашно
2 лажици пченичен гриз
1 лажичка сол
½ лажичка куркума
1 прашок за печиво
посно крем сирење по вкус. Ако се одлучите да правите домашно:
За крем сирење од сончоглед:
200 г сирови семки од сончоглед (може и помалку)
50 г индиски ореви
1 лажичка сол
2 чешниња лук
сок од 1-2 лимони
околу 150 мл вода
црн пипер по вкус
Дополнителни состојки:
500 г кори за пита
30 г семе од сусам
2-3 лажици масло
Гибаницата се става во загреана рерна на 200°C и се пече околу 30-35 минути додека да зарумени.
Оставете малку да се излади пред да го исечете. Послужете со салата или посен јогурт. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: