Проширените вени се развиваат постепено. Од првите пет симптоми до најстрашниот стадиум постојат 5 фази на проширени вени. Не ја занемарувајте првата за да не дојдете до петтата.

Можеби не сте ни забележале која се појавиле првите модрикави пајажести линии на вашите бутови или листови. Дури и доколку сте ги забележале, ги сметате само за естетски проблем и барате начин како да ги скриете од погледите.

Сепак, оваа модрикава мрежа од капилари на вашите нозе може да биде знак дека сте во сериозен ризик од појава на проширени вени. Занемарувањето на првите симптоми може да биде влезница за следната фаза од заболувањето, а тогаш многу потешко ќе го вратите здравјето и беспрекорниот изглед на вашите нозе.

Ако сакате подобро да го разберете самиот процес на појава на хронична венска инсуфициенција, која е сè само не – наивна, во продолжение прочитајте го комплетниот водич низ фазите на проширени вени.

Важно е да знаете дека секоја од 5 фази е вистинскиот момент да посетите лекар специјалист, но и сами нешто да направите за своите нозе, пред да ги искусите сериозните компликации.

ПРВА ФАЗА-РЕТИКУЛАРНИ, ПАЈАКОВИДНИ ВЕНИ

Првиот стадиум на проширени вени се ретикуларните вени, т.н. пајаковидни вени кои не се испакнати на кожата. Ова се всушност ситни капилари кои на кожата се шират во вид на пајакова мрежа, мали се и често слабо видливи. Пајаковидните вени честопати не се земаат претерано за сериозно и обично поминуваат незапазено, бидејќи не е присутна болка или неугодност поврзана за оваа фаза.

Ова секако не значи дека на оваа фаза, која всушност претставува проширени и испукани капилари, не треба да се обраќа внимание. Доколку имате пајаковидни вени ова е прв знак дека треба да одите на лекар и да се тестирате за ризиците од заболување  на вените.

ПРИЧИНИ за појава на ретикуларни вени:

-наследен фактор
-прекумерно стоење
-бременост и менопауза
-хормонски дисбаланс
-дебелина

Кога ќе ја забележите првата лепеза некаде на своите нозе, сетете се дека не е нормално да се гледаат вашите крвни садови под кожата. Ова нека ви биде првиот сигнал дека нешто не е во ред. Веднаш купете природен гел за вени и капилари и ставајте облоги од тинктура од див костен.

ВТОРА ФАЗА-ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Проширени вени се проширени крвни садови – вени кои обично се јавуваат на нозете во вид на испакнувања. Во оваа фаза повеќето од заболените се загрижени и бараат лек. Кај поедини случаи проширените вени не се проследени со отоци или болка, додека други трпат упорна, постојана болка која им ги отежнува секојдневните активности.

СИМПТОМИ НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ:

-испакнувања на темновиолетови вени
-вени со змијовиден изглед
-болки и тежина во нозете
-врелина и јадеж во нозете
-зголемена болка после долго стоење
-крвавење
-вените ја менуваат бојата
-вените се стврднуваат
-воспаление и оток на нозете околу проширените вени

Доколку дојде до стврднување на вените и сериозно воспалување на ткивото околу нив, би требало веднаш да посетите лекар специјалист, бидејќи ова се почетни симптоми за хронично венско заболување.

МОЖНИ ПРИЧИНИ за појава на проширени вени:

-Години: како старееме вените ја губат еластичноста, способноста да се шират и собираат, па така, на некои места остануваат проширени. Резултат на намалената еластичност се ослабени венски залистоци кои имаат задача крвта да ја потиснуваат нагоре кон срцето. Кога тие ќе ослабат, крвта се враќа назад и стои во вената наместо да тече кон срцето. Поради тоа доаѓа до пурпурна боја на вената во која се наоѓа крв без кислород…

-Бременост: Во текот на бременоста, количината крв во вените се зголемува, но протокот на крвта од нозете кон карлицата се успорува, поради развојот на фетусот. Како резултат на ова може да се јават проширени вени. Наглиот пораст на телесната тежина и хормонскиот дисбаланс исто така играат важна улога во појавата на проширени вени за време на бременост. Понекогаш вените сами од себе исчезнуваат после пораќајот, но сепак, потребно е да се направат испитувања за да се дознае правата причина.

ТРЕТА ФАЗА-ОТОК НА НОЗЕТЕ И ГЛУЖДОВИТЕ

Заедно со проширените вени често се јавува и оток на нозете и глуждовите. Кога чувствувате дека вените на нозете ви се воспалиле и ви горат, тоа обично има врска со лошата циркулација. На местото на проширување крвта се собира во вените. Еден од симптомите на хронично венско заболување се отечените глуждови и нозе.

Болката може да се намали доколку нозете ги подигнете над нивото на срцето, што ќе помогне натрупаната крв да се врати назад кон срцето како што е природно. Меѓутоа, после долготрајно седење или стоење, отокот може повторно да се врати. Затоа секоја вечер пред пиење, потпрете ги нозете на ѕид (или направете ја вежбата “свеќа”) во период од 10-15 минути или колку можете да издржите.

СИМПТОМИ НА ВОСПАЛЕНИ ВЕНИ:

-отечни листови и глуждови кои ги чувствувате како затегнати
-нозете ве чешаат
-вкочанетост и чувствителност околу вените
-одењето ви предизвикува болка
-кожата станува кафеавкаста и текстурата се менува околу вените
-имате синдром на немирни нозе
-грчеви во нозете
-чиреви на нозете

Голем број од овие симптоми се први знаци за хронична венска инсуфуциенција, а кога ќе дојде до отекување на нозете и глуждовите, тоа е знак дека итно мора да одите на преглед, да добиете дијагноза и соодветна терапија за да се спречи влошување на состојбата.

ПРИЧИНИ ЗА ОТЕКУВАЊЕ НА НОЗЕТЕ:

-хронична венска инсуфициенција
-висок крвен притисок
-срцеви заболувања
-недостиг на физичка активност
-длабока венска тромбоза
-пушење
-неправилна исхрана

ЧЕТВРТА ФАЗА-ЛИПОДЕРМАТОСКЛЕРОЗА (Промена на бојата на кожата)

Четвртата фаза на проширени вени е промена на бојата на кожата која ги покрива проширените вени. Кожата може да стане кафеава и задебелена, налик на кожа од која е сошиена вашата јакна. Таа поприма ваков изглед и боја затоа што масното ткиво под кожата во пределот на вените се воспалило. Во оваа фаза извесно е дека заболената личност трпи голема болка поврзана со заболувањето на вените. Во оваа фаза тие многу чешаат и многу се чувствителни на допир. Кожата почнува да пука и да крвави.

СИМПТОМИ НА ЛИПОДЕРМОСКЛЕРОЗА:

-болка во нозете и глуждовите
-задебелување и стврднување на кожата околу проширените вени
-промена на бојата на кожата
-промена на текстурата на кожата
-отоци на нозете и глуждовите
-чиреви на нозете
-ногата се стеснува над глуждот и почнува да личи на свртено шише шампањ.

Во оваа фаза многу малку можете сами да си помогнете. Познато е дека компресивните чорапи го успорува процесот, но единствен прав начин за да го решите овој проблем е стручна медицинска помош и во склад со тоа, соодветна терапија.

ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА КОЖАТА:

-болест на вените
-дебелина
-лоша исхрана
-срцеви заболувања
-прекумерно стоење
-хормонални промени

ПЕТТА-ФАЗА ЧИРЕВИ И ОТВОРЕНИ РАНИ

Чир или улцер се опишува како отворена рана која се отвора и не сака да зарасне. До ова доаѓа поради оштетување на кожното ткиво. Причините за улцер може да се разделат во 3 категории:

-венски застој
-дијабетес
-артериски

Овде ќе се фокусираме на раните на нозете кои се јавиле како последица на собирање на крв во вените од нозете. На овој вид рани на нозете припаѓаат дури 80-90% од сите улцери, а повеќето од нив не може да се излекуваат.

Во оваа фаза раните на нозете се предизвикани од хронична венска инсуфициенција. Крвта се собира и задржува во нозете, бидејќи залистоците во вашите вени не се доволно силни да ја истиснат кон крвта онака како што би требало. Раните се создаваат на површината од кожата поради прекумерен притисок во вените. Повеќето лекари сметаат дека ова е причинето поради намален проток на крвта низ капиларите, што доведува до натрупување на бели крвни зрнца на едно место. На оние места каде е присутен екстремно голем број на бели крвни зрнца и намалено ниво на киселород во крвта, создаваат рани на површината од кожата.

СИМПТОМИ:

-болни, отворени рани на нозете и глуждовите
-врелина во нозете
-чешање во нозете
-течење од раните
-жолта или зелена течност која се цеди од раните
-отоци во нозете
-промена на бојата на кожата
-грчеви и болки во нозете
-затегнување околу глуждовите

Голем број од овие компликации се наследни, па доколку некој во вашето семејство има историја со хронична венска инсуфициенција, а вие имате некои од горенаведените симптоми, потребно е секој симптом да го сфатите сериозно, бидејќи и вие сте во ризик од ова заболување.

Факторите на ризик како што се дебелина, пушење, алкохол и неправилна исхрана играат значајна улога во одредувањето на степенот на сериозноста на вашата состојба.

КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ НАПРЕДУВАЊЕТО НА БОЛЕСТА

Одбегнувајте претерано стоење, подигнувајте ги нозете над нивото на срцето, дома движете се во анатомски папучи, не носете претерано тесни панталони, после долговремено возење правете паузи на секои два часа, оставете го пушењето, хранете се здраво, вежбајте…