После овој рецепт тиквичките ќе ги засакате уште повеќе: за 20 минути готов ручек

Запечени тиквички, прсти да излижеш!

Потребни состојки:

3 тиквички да бидат средни или големи
2 лажици маслиново масло
3 млади кромитчиња
1 мала китка магдонос
150 г рендан кашкавал
2 јајца
100 мл неутрална течна павлака
2 чешниња лук
малку мускантно оревче
сол, црн пипер
по желба магдонос, власец
2 лажици пармезан

Постапка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечкајте ги на тенки тркалца. Посолете.

Исечете го младото кромитче, исечкајте го босилекот и изрендајте го кашкавалот.

Ако тиквичките пуштиле течност, малку исцедете ги, па измешајте ги со кромидот, босилекот и кашкавалот.

Садот за печење премачкајте го со оние 2 лажици масло, па распоредете ги тиквичките.

Јајцата изматете ги, додадете течна павлака, сечкано лукче, малку посолете, запиперете и додадете малку мускантно оревче.

Прелијте преку тиквичките.
Печете во рерна околу 15-тина минути па наросете пармезан и допечете уште околу 5 минути да добие румена боја.

На истиот начин може може да се подготват модри патлиџани.

Loading...