Колачот е кремаст, освежителен, вкусен, а може да го приготвите за секакви пригоди.

Потребни состојки:

400 г мелени бисквити
200 мл џус
450 г свежо несолено сирење (крем сирење)
500 мл слатка павлака
250 г шеќер во прав
500 г јагоди
300 мл сок од јагоди
5-6 лажици шеќер
2 кесички црвен желатин (или обичен желатин со малку црвена прехрамбена боја)

Постапка:

Мелените бисквити озмешајте ги со џус, па втиснете ја смесата во калапот како подлога.

Сирењето измиксајте го со шеќер во прав, кога ќе се соедини, полека се додава слатката павлака и се мати додека филот да стане цврст. Кога е готов филот, излејте во калапот преку бисквитната кора.

торта со јагоди

Јагодите исечете ги по желба, ставете ги во шерпа и варете ги во сокот од јагоди и шеќер. Желатинот изматете го според упатството на кесичката. Кога јагодите се готови, тргнете ги од шпоретот, додадете го желатинот и промешајте, па веднаш прелијте преку белиот фил.

Оставете во фрижидер убаво да излади.

Јас направив мали промени во рецептот, го поделив белиот крем на два дела, а исто и јагодите и желатинот. Чисто за декорација: врз подлогата од бисквити ставив половина бел крем, па го сварив прво едниот дел од јагоди, ставив во замрзнувач да се стегне желатинот. Па потоа го ставив вториот дел од белиот крем и го сварив остатокот од јагоди со желатин, ги прелив врз белиот крем и во фрижидер!

торта со јагоди