Посен црнец

Повеќето го знаат рецептот „Црнец без јајца“, а ова е трансформиран негов рецепт кој во последно време зачестено се споделува на социјалните мрежи.

Пробајте го и направете споредба со оригиналниот Црнец без јајца.

Потребни состојки:

3 чаши брашно (од јогурт)

50 г какао

1 кесичка прашок за печиво

2 чаши шеќер

2 чаши кисела вода (или соино млеко)

1 чаша масло

50 г насечкано црно посно чоколадо

1 кесичка ванилин шеќер

За прелив:

100 г црно посно чоколадо

Парченце маргарин

1 лажица кисела вода

1 лажица масло

Начин на приготвување:

1.Во еден сад измешајте ги сувите состојки, па додадете кисела вода и масло.

2.Измешајте да добиете компактна маса, па додадете сечкано чоколадо.

3.Печете во намастена тепсија (28), (може и во правоаголна ) на 190 степени околу 40 минути.

4.Колачот прелијте го со растопените наведени состојки.

Претходна статијаГрчки колач кој не се пече а готов е за 20 минути
Следна статијаЦелосно повлекување на хемороидите за 3-4 дена – рецепт од читателка