Рецепт и видео прилог на Вкусни рецепти МКД– сникерс колач

Колачот многу брзо се приготвува, а добивате десерт со полн вкус. Потребни ви се само неколку состојки кои веќе ги имате дома, кикирики, бисквити, маргарин и чоколадо. За посна варијанта користете посни намирници.

Потребни состојки: 200 мл вода, 250 г путер/маргарин – за посно, 150-200 г шеќер – по вкус, 1 ванилин шеќер, 30 г чоколадо, 1 лажица какао, 250 г печени несолени кикирики, 400 г бисквити (посни, ако правите посен колач), 1 ванилин шеќер и 100 г чоколадо за глазура

Постапка: Во едно тенџере на умерен оган ставете 200 мл вода и 250 г маргарин да се растопат. Кога ќе зоврие смесата додадете 200 г шеќер и промешајте. Додадете и една кесичка ванилан шеќер, па мешајте додека да се растопи.

Намалете ја малку температурата на офнот, па додадете една лажица какао во прав и промешајте да нема грутчиња. За побогат чоколаден вкус додадете и 30 г чоколадо искршено на коцки. Откако и тоа ќе се растопи, додадете 250 г печени (несолени) кикирики и 400 г крупно искршени и мелени бисквити.

Прмешајте за да можат бисквитите рамномерно да ја впијат течноста. Смесата рамномерно распоредете ја во калап (долгнавест, за леб) и израмнете. Оставете еден час во дрижидер за да се стегне. Одозгора прелијте со 100 г растопено чоколадо и вашиот колач е готов. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: