Во периодот помеѓу декември и јануари, највкусно е кога од кујната ќе се почувствува мирисот на пржени пиперки, па уште кога ќе се наполнат со фил, вкусот е фантазија. Овој ручек од соништата ќе ги надмине сите ваши очекувања. Првиот рецепт е посен за везени, суви пиперки, полнети со фил и потпечени, а вториот рецепт е со пиперки и свинско месо, за тие што не постат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 10 суви пиперки за полнење, 1 страк праз, 2 моркови, 1 помал корен од пашканат, 1 помал корен од магдонос, 200 г корен од целер, 1 китка магдонос, 50 г сирово зрно киноа, 50 г сирови семки од сончоглед, 50 г сирови семки од тиква, 150 г ориз, 1 лажица алева пиперка, 2 лажици сув растителен зачин (вегета), ½ лажица мелен црн пипер, 150 мл пасиран домат, масло за запршка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300-350 г чисто свинско месо, 2 страка праз со средна големина, 4-5 пиперки од жива туршија (или свежи или суви везени), 2-3 лажици маст или масло, сол по вкус и други зачини.

ВТОР РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Зрната киноа добро измијте ги под млаз ладна вода, се додека водата да стане бистра. Ставете ги во соодветен сад, прелијте ги со 100 мл ладна вода и откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете под капак 15-тина минути.

ПРВ РЕЦЕПТ / Фото и рецепт на Верица Николиќ




Киноата треба да ја впие целата течност и да биде мека. Тргнете ја од оган и оставете да се олади (или исперете ја под млаз ладна вода за побрзо). Празот, морковот, корењата од морков, пашканат и целер исчистете ги, ставете ги во сечко и ситно исечкајте ги. Магдоносот исто така, ситно исечкајте го. Семките од тиква и сончоглед исечкајте ги, така да останат и крупни парчиња.




Оризот добро исперете го под млаз ладна вода, на неколку наврати. Сувите пиперки прелијте ги со врела вода, притиснете ги со тацна и оставете ги половина час за да омекнат. Потоа добро исцедете ги. Во соодветен сад ставете масло (мене ми беше потребно 250 мл, а количината зависи од тоа колку зеленчукот ќе впие масло) и ставете да се загрее.




Во загреаното масло ставете го исечканиот зеленчук и динстајте на умерена температура додека да омекне, околу 10-тина минути. Потоа додајте ја киноата, семките од сончоглед и тиква, магдоносот и испасираниот домат (или домашен доматен сос). Зачинете со сув зачин и црн пипер. Добро промешајте и продолжете со динстање во следните 10-тина минути.

ПРВ РЕЦЕПТ / Фото и рецепт на Верица Николиќ




На крај, додајте го исечканиот магдонос и оризот. Промешајте и вкусете, па по потреба додајте уште зачини или сол. Тргнете од оган и оставете да се олади. Пиперките полнете ги со приготвениот фил. Соодветниот сад во кој ќе се пече јадењето намастете го со масло (пиперките прво се готват на рингла, а потоа се запекуваат во рерна).




Отворот на секоја пиперка наросете го со брашно, па вака приготвените пиперки редете ги во садот и оставајте растојание помеѓу нив. Остатокот од филот распоредете го помеѓу пиперките.




Прелијте со врела вода, пиперките малку да „ѕиркаат” од водата. Поклопете и гответе на умерена температура додека водата да зоврие. Потоа намалете на потивко и оставете јадењето да се крчка додека да остане сосем малку течност на дното. Потоа, пиперките запечете ги во загреана рерна на 200 степени.

ПРВ РЕЦЕПТ / Фото и рецепт на Верица Николиќ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Месото исечкајте го на парчиња со величина на еден залак. Исечкајте ги пиперките и празот на поголеми парчиња, не треба да бидат премногу ситни. Јадењето може да го подготвувате на два начина. ПРВ НАЧИН: Запржете го месото на маста додека убаво да зарумени и фати коричка.

Потоа додајте го празот и пржете уште неколку минути со повремено мешање за да омекне празот. Со свежи пиперки: Кога празот наполу е готов, додајте ги пиперките, посолете по вкус и пржете ги заедно додека да бидат готови. Со кисели пиперки: Киселите пиперки од туршија се додаваат на самиот крај кога празот е готов, бидејќи тие не треба многу да се пржат.

ВТОР РЕЦЕПТ

ВТОР НАЧИН: Исто така, можете прво да го испржите месото, па да го извадите и во истата маснотија да го пропржите празот, па да ги додадете пиперките и на самиот крај да го вратите месото за да се помешаат вкусовите.

Се послужува топло со тазе печен леб од фурна. Со јадењето може да послужите туршија, но нема да ви потребно ако сте користеле кисели пиперки. Може да послужите со чаша добра македонска греана ракија.