Посен МАНАСТИРСКИ компир од рерна: толку вкусно, а ќе ве чини само 50 денари

I РЕЦЕПТ: Манастирски компир со лук – крцкаво, сочно и многу вкусно. Јадењето е заситно, па можете да го приготвувате и во периоди на пост. Компирите се многу крцкави и вкусни, а преливот од печен лук и магдонос е нешто што задолжително мора да го пробате.

Потребни состојки: 4 големи компири, 1 цела главица лук, 1 лажичка морска сол (кошер сол во снегулки или хималајска), 1 лажичка црн пипер во прав (најдобро свежо мелен), 1 лажица маслиново масло, 2 лажици посен маргарин (или путер ако не постите) и 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос

Потребни состојки:
Компирите измијте ги и излупете ги
… а потоа исечете ги

Постапка: Загрејте ја рерната на 220 степени. Магдоносот убаво измијте го, исцедете го добро, па колку можете поситно исечкајте го. Компирите измијте ги, излупете ги, па исечете ги на долгнавести парчиња како за помфрит или нешто покрупно.

наросете една лажичка црн пипер во прав
посолете со една лажичка сол
и додајте една супена лажица маслиново масло
добро промешајте

Врз компирите наросете една лажичка црн пипер во прав, една лажичка сол и една супена лажица маслиново масло. Добро промешајте за да се распоредат зачините подеднакво на сите компири.

Земете една главица лук и без да ја лупите, отсечете го коренестиот дел, така да се отворат чешнињата.
Исечете едно мало парче алуминиумска фолија
ставете малку масло и наросете малку сол
добро завиткајте ја целата главица лук во фолијата

Земете една главица лук и без да ја лупите, отсечете го коренестиот дел, така да се отворат чешнињата. Исечете едно мало парче алуминиумска фолија, ставете малку масло и наросете малку сол, па добро завиткајте ја целата главица лук во фолијата.

Наредете ги зачинетите компирчиња и распоредете ги во еден ред, преку површината на целиот плех
Ставете го и завитканиот лук.

Плехот е најдобро да го обложите со хартија за печење за да не ви се лепат компирите, но доколку имате нелеплив плех, тогаш може и без хартија. Наредете ги зачинетите компирчиња и распоредете ги во еден ред, преку површината на целиот плех. Ставете го и завитканиот лук.

Ставете да се пече во загреаната рерна околу 25 минути, па проверете ги компирите и превртете ги,
вратете да се допечат уште 20-25 минути или додека убаво да заруменат
Отворете ја фолијата
извадете го печениот лук
притиснете за да излезат чешнињата

Ставете да се пече во загреаната рерна околу 25 минути, па проверете ги компирите и превртете ги, па вратете да се допечат уште 20-25 минути или додека убаво да заруменат. Отворете ја фолијата со печениот лук и притиснете за да излезат чешнињата.

Изгмечете ги со лажица или виљушка додека да добиете пире

На оган загрејте две лажици маргарин додека да се растопи
додајте го пирето од лук
промешајте
На крај додајте го ситно сечканиот магдонос и промешајте за да се соедини

Изгмечете ги со лажица или виљушка додека да добиете пире. На оган загрејте две лажици маргарин додека да се растопи, па додајте го пирето од лук и промешајте. На крај додајте го ситно сечканиот магдонос и промешајте за да се соедини.

прелијте ги печените компири со сосот
уживајте во предобриот вкус

За ова не е потребно многу време, доволно е една минута колку да се соединат сите вкусови. Печените компири извадете ги во посебен сад за послужување, па додека се сè уштре врели прелијте ги со сосот од лук и магдонос. Уживајте во вкусот, компирите се за десетка!

II РЕЦЕПТ ПОСНО: Компир од рерна на манастирски начин – ручек за само 50 ден. Вкусно и брзо јадење, може да се приготви за ручек или вечера.

Потребни состојки: 1 кг компир, 200 мл маслиново масло, 2 исцедени лимони, 6 чешниња лук (секое чешне исечено на три дела), 4-5 листови ловорови листови, ситно исечкани, оригано, сол и црн пипер

Постапка: Загрејте ја рерната на 250 степени., Измијте го компирот, излупете го и исечкајте го. Наредете го во тепсија – парчињата да не бидат едно преку друго, туку убаво рамномерно распоредени.

Ставете на оган да зоврие нешто повеќе од една чаша вода, па во неа растворете сол и прелијте преку компирот. Наросете и маслиново масло, додајте лук, ловор, оригано и црн пипер.

Ставете во рерна да се пече, а кога ќе испари водата и ќе остане само маслото, намалете го огнот на 200 степени, па печете околу 50 минути. Пред крајот на печењето, прелијте го компирот со сок од лимон, па вратете уште малку во рерна. Кога ќе се запече е уште поубав, крцка и полека се растопуваат вкусовите.

Претходна статијаСпиењето може да превенира, но и да предизвика брчки, ако спиете на овој начин брчките нема да се појават
Следна статијаЗАТНАТИ КРВНИ САДОВИ – Како да ги исчистите и да си го продолжите животот со овој природен лек