ПОСЕН КОЛАЧ ЗА 60 ДЕНАРИ…Без млеко и јајца, добивате вкусен, евтин колач…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл газирана вода
150 мл масло
200-300 г шеќер (по вкус)
450 г брашно
малку рендана кора од портокал
1 кесичка прашок за печиво
1 мала лажица ванилин екстракт или 1 кесичка ванилин шеќер

И УШТЕ:
2 лажици какао
2 лажици мармалад/џем/јаткасти плодови/суво овошје

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги газираната вода, маслото и шеќерот. Постепено додавајте го брашното помешано со прашок за печиво додека енергично мешате со жица. Треба да добиете мазна смеса без грутчиња.

2.Додајте ситно рендана кора од портокал и ванила, па изедначете.

3.Две третини од смесата сипете во намастен и набрашнет калап со средна големина или два помали калапи (за леб/ролат).

4.Во остатокот од тестото сипете какао и промешајте за да се изедначи, а потоа вмешајте и џем. Оваа смеса сипете ја врз светлото тесто.

5.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 55 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.