Ова е еден старински колач кој го приготвуваа нашите баби. Многу едноставно се приготвува, а многу е вкусен. Додека се пече, цела куќа ќе ви замира убаво, на есенски јаболка и ванила… Рецепт на Том Филос.

Посен колач со јаболка / Том Филос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 големи јаболка, 250 г шеќер, 15 г сода бикарбона, 250 г мелени ореви, 400 г брашно, 130 мл масло, 15 г ванилин шеќер. За сируп: 400 г шеќер, 400 мл вода, лимон и мелени ореви за декорација (за наросување одозгора). Врел колачот се залева со ладен сируп.

ПОСТАПКА: Јаболката измијте ги и излупете ги, а потоа изрендајте ги. Веднаш ставете ги во еден подлабок сад за мешање и додајте 250 г шеќер. Промешајте со лажица за да се распореди подеднакво шеќерот, а потоа додајте по 15 г ванилин шеќер и сода бикарбона.

Промешајте и додајте 130 мл масло и 400 г брашно. промешајте добро додека да добиете изедначена смеса без грутчиња од брашното. На крај додајте 250 г мелени ореви и уште еднаш убаво промешајте.

Посен колач со јаболка / Том Филос

Плех со димензии 38х35 см намастете го и наросете го малку со брашно, а вишокот истресете го. Можете и само да го намастите со путер. Потоа истресете ја добиената смеса во него и рамномерно распоредете ја.

Посен колач со јаболка / Том Филос

Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу половина час. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го 1-2 минути да излади, па додека е сè уште е врел прелијте го со ладен шербет.

Шербетот е најдобро да се приготви неколку часа претходно за да има време да се олади или најдобро од претходниот ден. Во едно тенџере ставете 400 гр шеќер и прелијте со 400 мл вода. Додајте и еден лимон исечен на тркалца.

Посен колач со јаболка / Том Филос

Тенџерето ставете го на оган, па од моментот на зовривање, сирупот гответе го 5 минути, додека убаво да се растопи шеќерот. Потоа тргнете го на страна и извадете ги тркалцата лимон (да не добие пресилен цитрусен вкус).

Значи, откако колачот ќе се испече, прелијте го со изладениот сируп, внимателно и постепено, со помош на кутлача. Оставете го малку да се подизлади, а потоа одозгора обилно наросете мелени или ситно сечкани ореви.

Посен колач со јаболка / Том Филос

Колачот оставете го целосно да се олади и да го впие шеќерниот сируп (откако ќе се олади на собна температура, ставете го во фрижидер). Потоа сечете го на коцки и послужете го. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.